Денес, 29.5.2024 година во учишниот двор вриеше како во кошница. Се правеа последните подготовки за одржувањето на првиот Вело- полигон - натпревар во возење на велосипеди. Главен и одговорен „ виновник“ за целиот настан, во поглед на замислата и организацијата, беше Александар Ѓеорѓиевски- наставник по ФЗО. Тој ја осети потребата за еден ваков настан, со оглед на тоа што велосипедот е омилена забава, но и потреба на учениците, да организира еден масовен натпревар за во исто време да ги едуцира, забавува и развива моторичките способности на учесниците во натпреварот, а да не зборуваме за важноста од подигање на свеста за користење на велосипедот како алтернативно решение за движење како замена на автомобилите. Учествуваа над 80 ученици од 1-9 одделение во повеќе категории, а навиваа сите останати. За најдобрите на ранг листата според освоените бодови следуваат награди, дипломи. пехари и медали.
Погледнете ја галеријата со слики и видеа.
No comments:
Post a Comment