Friday, 30 December 2022

Thursday, 29 December 2022

3-1 и нивните новогодишни желби

III-1 ви посакува среќни празнични денови и ви посакува најубави желби во новата година! ❄️🌲⛄️
Одд.наставник: Елена Симоновска


























 

Драматизација на текстот ,,Ѕвончица и Дедо Мраз''

 Драматизација на текстот ,,Ѕвончица и Дедо Мраз'' изведена од II 1 одделение.

Учениците од II - 1 одделение го драматизираа текстот ,,Ѕвончица и Дедо Мраз" од списанието за деца" ДРУГРЧЕ" од Ксенија Маказлиева Трајчева. Патувајќи низ светот на приказните, во улоги на принцези, принцови и омилени ликови од бајките, малите актери од II - 1, во улога на своите омилени јунаци, пред Дедо Мраз си ги кажаа своите желби, а на крајот, заедно со Ѕвончица, сите заедно ја посакаа најголемата желба: да има мир, среќа и радост за сите деца на светот.
Ментор: Тања Петков




Wednesday, 28 December 2022

„Училишно ЕКО кино“

 Успешно е реализиран проектот „Училишно ЕКО кино“ поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој, преку кој се обезбедени 192 500,00 денари. Со овие средства е изработен „Вело генератор“ и се набавени лаптоп, звучник, смарт табла и проектор, кои ќе им овозможат на учениците да уживаат во кино проекциите. Целта на проектот е учениците сами да произведуваат електрична енергија, возејќи го велосипедот, која потоа ќе ја искористат за кино проекцијата. Ментор на проектот: Билјана Петрушевска.










„Собери и рециклирај електричен отпад“- претстава и акција во нашето училиште

 Денес, 4.5.2026,  Нептун, во соработка со Електро Еко Грижа, организираше едукативен и забавен настан за деца од 2 и 3 одделение, со цел пр...