Врнежливото време не нè колеба да си поминуваме прекрасно, но и да направиме генерално чистење. Нашиот убав училишен двор има потреба од нас, особено на пролет. Земјата на нашите раце е доказ дека сме биле вредни денес.
Организатор на овој настан е Општина Кисела Вода во рамки на акцијата со училиштата наречена „Генералка викенд“.
Погледнете ги фотографиите, зошто една слика вреди илјада зборови. На крајот и се почастивме за сработеното со VitaGo!- напиток за секој ученик.
No comments:
Post a Comment