Новата година и Божиќните празници се најволшебното време во годината. Ајде да покажеме дека е време празничнатата магија да почне и тоа преку креативност и љубов кон книгите! 🎅📚✨
Библиотеката при ООУ,,Св. Климент Охридски" распишува:
📚✨ Новогодишен конкурс за сите заинтересирани ученици ✨📚
По повод новогодишните празници, училишната библиотека организира креативен конкурс за изработка на рачнo изработена книга.
Секој ученик кој сака да учествува треба:
🎄 Да одбере една новогодишна приказна
✏️ Да ја преработи и илустрира по сопствена желба
📖 Да изработи рачно направена книга која ќе има:
Насловна страница
Целосната приказна во внатрешноста, која може да биде преработена позната или непозната приказна или целосно новосоздадена приказна.
Вашата книга треба да биде оригинална, креативна и изработена со техники и материјали по ваш избор!
🏆 Сите изработки ќе бидат оценети, а најкреативните ученици ќе бидат наградени!
📌 Важно: За да учествувате, потребно е најпрво да се пријавите кај библиотекарот, кој ќе ви даде дополнителни насоки и примери.
Разбудете ја својата фантазија и освојте еден од подароците кои Дедо Мраз ќе ги донесе за учениците со најдобрите изработки.🎅📚✨

No comments:
Post a Comment