Showing posts with label Училишен парламент. Show all posts
Showing posts with label Училишен парламент. Show all posts

Thursday, 19 March 2026

Состанок на Училишниот парламент

 

Денес, 19.3.2026 година, се одржа состанок на Училишниот парламент. На состанокот се дискутираше за изминатите натпревари и активности кои беа актуелни. Исто така, се разговараше и за успехот и поведението на учениците пред третиот класификационен период. Наставикот по ФЗО Александар Ѓеорѓиевски ги извести за активностите во Вело Училишта, а библиотекарката Наташа Старделова за активностите и акциите на библиотеката. 


Friday, 10 October 2025

Ученички парламент 2025-26


Да ја завршиме Неделата на детето со објава за новото раководство на Ученичкиот парламент. На 18.9. 2025 сите претставници на паралелките се состанаа и избраа ново раководство. 
Претседател на Ученичкиот парламент е Јана Цветановска од 8-2, заменик е Андреј Велјановски, 7-1, благајник - Мила Станкоска 6-1. 
Претставници на Наставнички совет од редот на учениците се Андреј Радевски, 9-1,  и Мила Цветковска од 7-2. Ученички правобранител оваа година е Максим Ѓеорѓиевски од 8-2 одделение. 
Им посакуваме успешно да ја извршуваат својата функција. 

 

Tuesday, 24 September 2024

Ученички парламент- избор и прва активност

     На 23.9.2024 во нашето училиште се состана Ученичкиот парламент и го избра своето раководство. 

Од сите присутни членови, претседатели на паралелките, со тајно гласање беа избрани Матеа Јовановска од 8-1, за претседател, Теона Пецевска 9-1, заменик, Христијан Стојановски, 7-3 за благајник. Ученички правобранител за учебната 2024-25 година е Матеј Димишковски од 8-2. Претставници за Наставнички совет и Училишен одбор се Петар Деспотовски од 9-2 и Јана Постоловска од 7-1.  На дневен ред покрај точката  за избор на нов претседател, заменик благајник и ученички правобранител, беше и разгледување на правилата на однесување во училиштето, разговор за меѓусебно почитување, како и информација за пилот-проектот на Здружението „Незапирливи- Заедно кон успех“ во соработка со Секторот за образование на Општина Кисела Вода, предводени од госпоѓата Валентина Цветковска. 

Првата активност на Ученичкиот парламент ќе биде организирање на забава по повод Детската недела и приемот на првачињата во Детската организација. Да им посакаме успешна работа.

















Thursday, 21 December 2023

Состанок на Ученичкиот парламент

 

Денес, 21.12.2023 се одржа редовен состанок на Ученичкиот парламент на кој беа присутни претставноците од сите паралелки во училиштето. Претставничката на Општина Кисела Вода, Валентина Цветковска, одржа работилница на темата Место за растење: Општини посветени на децата. Претседателите на одделенијата во групи работеа и дојдоа до заеднички одговори на важни прашања кои ќе ги подобрат условите за живеење во населбите и условите за учење во училиштата. 

Потоа библиотекарката на училиштето даде извештај за тоа колку учениците читаат како и за активностите кои беа ова полугодие организирани во библиотеката, со што ова катче стана фреквентно посетено од страна на учениците.

Педагогот и психологот поттикнаа дискусија и за меѓуврсничкото насилство и начините на спречување на оваа опасна појава. 

 






















Sunday, 24 September 2023

Училишен парламент- Раководство и програма за работа



 На 21.9.2023 година се одржа првиот состанок на Училишниот парламент за учебната 2023-24 година. Учениците - претставници, секој на својата паралелка, дискутираа за програмската активност на Парламентот и го одбраа своето раководство. За Претседател го одбраа Филип Тодороски од 8-2 одделение, заменик е Михаела Димитровска 7-1 одд.,а секретар - Никола Крковски 6-2 одделение. За Ученички правобранител беше избрана Теона Пецевска 8-1, а за претставници на седниците на Наставничкиот совет беа избрани Марко Трпчевски 6-1 и Ева Петрушева 7-2. Им посакуваме успешна и плодна работа и соработка.




























Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"

  📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа  промоција на  книгата"Перото на Илинч...