Thursday, 28 December 2023

Традиционално, предновогодишно пристигнаа дипломите од БЗР ✨️🏆

Како и секоја година, така и оваа, предновогодишно пристигнаа дипломите од конкурсот за БЗР 2023. Конкурсот за Безбедност и заштита при работа 2023 се одржа во месец април. На истиот учество зедоа ученици од нашето училиште и притоа ги постигнаа следните резултати:
Дафина Здравковска 9-1 одд. - 3 место во категорија расказ
Мила Василевска-8-2 одд. Благодарница за учество со литературна творба
Ментор: Виолета Трпевска
Член на комисија: Лидија Дузлевска
По петти пат и годинава најдобрите творби беа публикувани во збирка, која ќе се најде и на полиците на нашата библиотека. Тука може да се прочита и песната на Мила Василевска од 8-2 одделение и расказот на Дафина Здравковска од 9-1 одделение.

ж







 

Новогодишна бајка на II 2 одделение.

Новогодишна бајка на II 2 одделение.

Магијата не постои само во бајките. Таа може да се создаде. Така малите вредни вторачиња го повикаа Дедо Мраз со изработките и украсувањето на својата училница.

 Среќен Божиќ и среќна Нова година!!!!
































Wednesday, 27 December 2023

Среќно пензионирање на нашата драга наставничка и колешка

 Топло изненадување на нашата драга наставничка и колешка Александра Митровска и приредија нашите вредни и мили првачиња од I-2 одд.,со помош од нивните родители и наставничката Марина.

И посакуваме среќни пензионерски денови, долго и квалитетно да ја користи пензијата.











Tuesday, 26 December 2023

Новогодишна претстава во МКЦ

 Учениците од нашето училиште проследија новогодишна претстава во МКЦ и се прошетаа низ центарот на украсениот град. 






































Професионална ориентација

 Нашите полуматуранти го посетија отворениот ден на средното училиште Димитар Влахов за да се запознаат со дел од струките кои ги нуди ова у...