Showing posts with label Видеа. Show all posts
Showing posts with label Видеа. Show all posts

Monday, 16 October 2023

„Зборот наспроти сликата“

 Поезијата на Никола Маџиров, Константин Миладинов и Билјана Петрова наспроти видеата направени од седмоодделенките Калина Боцевска, Јорида Гроздан, Јана Цветановска, Матеа Јовановска, Михаела Димитровска, Антонија Тошевска, Анастасија Тодорова, Мила Филиповска и Деана Радевска создадоа хармонија меѓу зборот и сликата. Уживајте во трошка поезија денеска на денот кога започнува Месецот на книгата. Учениците работеа под менторство на нивната наставничка, м-р Валентина Трајкоска.




Можеби уште патува- Никола Маџиров
Стиховите ги чита Калина Боцевска




Присуство- Никола Маџиров
Стиховите ги чита Јорида Гроздан


Што треба да се направи- Никола Маџиров
Стиховите ги чита Антонија Тошевска



Очи- Билјана Петрова
Стиховите ги чита Мила Филиповска



Радост- Билјана Петрова
Стиховите ги чита Јана Цветановска


Присутност- Никола Маџиров
Стиховите ги чита Матеа Јовановска



Бисера- Константин Миладинов
Стиховите ги чита Јана Цветановска



Нови земји- Никола Маџиров
Стиховите ги чита Михаела Димитровска


Бисера- Константин Миладинов
Стиховите ги чита Деана Радевска



Тишина- Никола Маџиров
Стиховите ги чита Анастасија Тодорова






Monday, 21 November 2022

СТЕМ клуб

 СТЕМ КЛУБ
















СТЕМ е кратенка која означува интеграција на науката, техниката, инженерството и математиката. СТЕМ клубот во ООУ"Св Климент Охридски"  е под менторство на наставничката по Биологија и Природни науки - Биљана Илиева, а членуваат учениците од 6 - 1 одд. Целта на СТЕМ работилниците е развивање на вештини и компетенци кај учениците од областите на природните науки.

Првата работилница беше од областа на хемијата. Ќе следат работилници по биологија и физика. Учениците  се почувствуваа како вистински научници користејќи ја опремата за во лабораторија.


Friday, 11 November 2022

Доделување на награди на 55 Детски Рацинови средби


Овогодинешните јубилејни 55 Детски Рацинови средби со свое присуство ги збогатија и учениците од 9-1 со нивниот ментор Валентина Трајкоска и библиотекарката во училиштето Наташа Старделова.

Градот Велес дишеше во духот на Рацина. Откако учениците се поклонија пред паметникот на великиот поет, продолжија кон спомен куќата на Рацин, каде ја погледнаа поставката на музејот. Потоа следна дестинација беше Градската библиотека ,, Гоце Делчев" во салата ,, Бели мугри" каде на свечена приредба им беше доделена втората републичка награда во категоријата ИКТ творби за нивниот краток уметнички филм ,,Рацин - поет на болката и љубовта". На свечената седница тие го проследија и импресивниот перформанс инспириран од животот и делото на безвремениот Рацин. Крајот на седницата беше искористен учениците да се запознаат и дружат со нашиот познат детски писател Горјан Петревски, кој вети набрзо дека ќе не' посети во училиштето. По свеченоста учениците го посетија и брегот на излетничкото место Езерото ,,Младост". 

Една слика- илјада зборови, а ние имаме избор од најдобрите слики. Погледнете ја галеријата со фотографии и видеа од денешниот ден. 






























Monday, 17 October 2022

Видеа од изборниот предмет -Вештини на живеење - 9-1 и 9-3



Слатки, солени, лути.... Секакви рецепти од вредните раце на 9-1 и 9-3. Се надеваме ќе ви отвориме апетит и ќе ви дадеме идеја да направите нешто вкусно.  Одговорен наставник: Душица Алексиевски Гулабоски

Првото видео е на: Ева Милосављевиќ и Евгенија Трајковска (бомбици)


второто (шопска салата) е на Иво Блажевски и Борјан Нушев

третото е на Лука Стојановски, Антонио Јорданов и Петар Китановски (лута салата)

Следно е видеото на Зендел Амет од 9-3


Ова е видеото на Давид Адамчевски. 

 За крај се крофните од Матеј Дамјановски 9-3




Friday, 14 October 2022

#WM CEE 2022 # Glam Macedonia/ Викимедија собир на википедијанци од Централна и Источна Европа во Охрид

 











Организација на конференцијата - ГЛАМ Македонија- Волонтерите се на местото на настанот од 14-16 октомври во Охрид, Македонија.

Дoмaќини сме на тридневната конференција што се одржува во Охрид, каде учествуваат 120 википедијанци од 25 земји од Централна и Источна Европа #wiki #Wikipedia #GlamMacedonia #conference2022 #WMCEE2022

Претставници од нашето училиште се Валентина Трајкоска и Наташа Старделова, одговорните за работата на Вики клубот во нашето училиште. 

Собирот се одржува под мотото „Повторно заедно“ и ќе започне со т.н. Learning day, каде ќе се дискутира за креативноста, влијанието на можните и присутни конфликти и стратегијата на работа на „Википедијанците“ од Европа.

Главен фокус на конференцијата се проектите на Викимедија (Википедија и слични проекти) во земјите и заедниците од Централна и Источна Европа.

Трите дена ќе бидат посветени на разните структури во пишувањето на статии и текстови, за збогатување на Википедијата на македонски јазик, како и за вклучувањето на што поголем број креатори на содржини што ќе ја зголеми присутноста на македонски јазик во целиот свет.

---

#WMCEE2022 #GlamMakedonija







Monday, 10 October 2022

#ErasmusDays во нашето училиште од 10-14 октомври - Прв ден/ #ErasmusDays in "St. Kliment Ohridski| from 10-14 October- First day

 















Во склоп на Еразмус+ проектот, чиј одговорен наставник е Тања Петков, во нашето училиште, беше приредено топло добредојде на гостите од Риека, од основното училиште Подмурвице, од страна на нашите ученици и вработени. 

Првиот ден според агендата учениците се запознаа меѓусебно и заеднички направија видео.

As part of the Erasmus+ project, a project organized by the teacher Tanja Petkov, the guests from Rijeka, from Podmurvice Elementary School, were given a warm welcome in our school by our head teacher, students and teachers. 

On the first day on the agenda, students met each other and made a video together.








Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"

  📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа  промоција на  книгата"Перото на Илинч...