Showing posts with label Кино. Show all posts
Showing posts with label Кино. Show all posts

Wednesday, 28 December 2022

„Училишно ЕКО кино“

 Успешно е реализиран проектот „Училишно ЕКО кино“ поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој, преку кој се обезбедени 192 500,00 денари. Со овие средства е изработен „Вело генератор“ и се набавени лаптоп, звучник, смарт табла и проектор, кои ќе им овозможат на учениците да уживаат во кино проекциите. Целта на проектот е учениците сами да произведуваат електрична енергија, возејќи го велосипедот, која потоа ќе ја искористат за кино проекцијата. Ментор на проектот: Билјана Петрушевска.










Wednesday, 2 November 2022

Филмска критика за гледан филм од Филип Спасовски и Петар Ангеловски 8-1

  



Критика за филмот „Брат ми брка диносауруси”
напишанa од Филип Спасовски и Петар Ангеловски 8-1 одделение
Филмот „Брат ми брка диносауруси” е во режија на Стефано Ципани. Главните улоги ги толкуваат Алесандро Гасман, Изабела Рагонезе, Лука Морело/Франческо Геги, а улогата на Џио ја толкува Антонио Урас, а потоа Лоренцо Систо. Филмот е италијанско-шпанска копродукција. Има освоено главна награда на Европската филмска академија за најдобар филм наменет за млада публика во 2020 година. Ова е еден од оние филмови кои што после гледањето те прават подобра личност. Базиран е на вистинска приказна и ја следи приказната за помалиот брат на Џек, дете кое што е родено со Даунов синдром. Живеејќи со својот помал брат, Џио, на почетокот Џек беше возбуден сметајќи го својот брат за супер-херој. Но со текот на времето како Џек созреваше тој разбра дека неговиот помал брат е дете со попреченост и почнува да се срами од него и посакува брат му да не постои во неговиот живот. Кога Џек ќе се заљуби во Аријана, тој лаже дека брат му е починат. После некое време тој признава дека Џио е сè уште жив и повторно почнува да размислува дека таквите деца се навистина супер-херои. Приказната тече со голема вештина и го прикажува животот на Џио и Џек многу топло и поучно. Секако дека има и грешки и слабости кај ликовите, но важно е дека тие се градат во текот на филмот и стануваат подобри личности на крајот од приказната. Додека го гледавме филмот ние ја почувствувавме неговата поучност и ги сфативме предизвиците со кои се соочуваат лицата со Даунов синдром и нивните семејства.

Sunday, 30 October 2022

Медиумска култура- гледање на филмот „Брат ми брка диносауруси"



На 26.10.2022 учениците од предметна настава организирано го посетија киното Милениум и таму го гледаа филмот Брат ми брка диносауруси. 

Филмот има награда за најдобар филм за млада публика на Европската филмска академија во 2020 година.

 режија: Stefano Cipani

улоги: Alessandro Gassmann, Isabella Ragonese, Rossy de Palma, Francesco Gheghi

премиера: 10.7.2021
времетраење: 101′
земја: Италија, Шпанија
жанр: Комедија, семеен

Џек отсекогаш посакувал да има помал брат со кого ќе си игра и кога Џио ќе се роди, неговите родители ќе му кажат дека неговиот брат е „посебно“ дете. Тогаш Џио станува суперхерој со волшебни моќи во имагинацијата на неговиот поголем брат, како што се суперхероите од стриповите. Со време, Џек ја дознава вистината: неговиот брат има Даунов синдром, и одлучува ова да го чува како тајна. Кога ќе тргне во средно училиште и ќе ја запознае својата прва љубов Аијана, тој го крие постоењето на Џио од неа и од своите нови пријатели. Но набрзо вистината излегува на виделина и Џек сфаќа дека енергијата и виталноста на Џио се заразни.

Tuesday, 18 October 2022

Посета на кино проекција „Патот кон месечината“




 Нашите ученици од I до V одделение заедно со своите наставнички од одделенска настава вчера (18.10.2022) беа во кино Милениум на детскиот анимиран филм

🎬 "Патот кон месечината", а потоа на прошетка низ центарот на градот.

Погледнете ја галеријата со фотографиите!





















Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"

  📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа  промоција на  книгата"Перото на Илинч...