На 26.4.2025 год., на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески" во Скопје, се одржа Регионалниот натпревар по македонски јазик.
Wednesday, 30 April 2025
Tuesday, 29 April 2025
Дводневна екскурзија за учениците од шесто одделение
На 28 и 29 април се реализираше дводневна екскурзија за учениците од шесто одд.
Откако панорамски ја видовме долината на реката Вардар и Таорската Клисура, направивме пауза на езерото Младост. Потоа ја посетивме Спомен куќата на Кочо Рацин во Велес.
80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик
Презентација и доделување на благодарници за проектот ,,Хотел за инсекти"
Денес, 29.4.2025 се заокружија активностите со проектот ,,Хотели за инсекти" заедничка соработка на повеќе училишта: „Св. Климент Охридски“, „Невена Георгиева -Дуња“ и „Св. Наум Охридски“, Националната галерија, Машински факултет и Зоолошка градина. Во зоолошката градина се презентираше досегашната работа и се поставија живеалиштата во посебно катче во градината. Изработен беше и каталог и се доделија благодарници за учесниците. Учесници во проектот беа Марија Тренкоска, Калина Боцевска, Мила Филиповска и Јана Цветановска од 8-2 одделение.
Училишните библиотекари - поттикнувачи на интересот за библиотечна дејност кај децата и младите
Денес, 18.6.2025 се одржа стручна работилница на тема „Училишните библиотекари - поттикнувачи на интересот за библиотечна дејност кај децат...
-
ООУ„Св. Климент Охридски“- с.Драчево (google.com) За сите организациски информации за нашето училиште, пристапете на новата веб-страница ...
-
Деветтоодделенците ја прославија својата полуматурска вечер во Вединг хаус на 3.06.2025. Забавата започна со самото пристигнување во рестор...
-
Денес учениците од 4-1 и 4-2 по изборниот предмет „Млади готвачи“ беа во посета на ресторанот,,Меин Стрит,,. Готвачот Жиле им објасни што ...