Sunday, 17 November 2024

„Како гледаме на конфликтите"- работилница

 Во рамките на активностите на Центарот за толеранција на 9.11.2024 година се одржа работилница на тема „Како гледаме на конфликтите". Работилницата ја водеа професорки од Центарот за толеранција, а учесници беа ученици од 6 и 8 одделение. Учениците интерактивно, преку разни техники и активности учеа како да ги препознаат и правилно да реагираат при појава на конфликтни ситуации во училиште. Ова е првата од вкупно 6 работилници кои ќе се реализираат до крајот на учебната година. Во склоп на програмата на Центарот за толеранција предвидени се и обуки на наставниците на слични теми.

Училишни координатори : Елена Петрушевска и Биљана Илиева







,,Мене и душата ми е црвена"- признание на Рацинови детски средби

 На 16.11.2024 год. во Велес се одржаа 57. Детски Рацинови Средби. Манифестација на која е чест, гордост и привилегија  да се учествува. Трета година по ред нашите ученици се дел од најдобрите на оваа манифестација. Овој пат тоа беше награда за најдобра сценографија за мултимедијалниот проект ,,Мене и душата ми е црвена", под менторство на наставничката по македонски јазик, Виолета Трпевска. Во проектот учествуваа учениците од 6-2 одд., со техничка поддршка од учениците Филип Тодороски и Марко Дебарлиев од 9-2 одд.













Saturday, 16 November 2024

Салата - Жетварка на изборен предмет Готвење

 ,,Жетварка"традиционална македонска летна салата која нашите баби и дедовци ја користеле за да се освежат во топлите летни денови додека работеле на нивите.

7-1 одд ,изборен предмет: Готвење




Friday, 15 November 2024

Скопје мое!

 5- 2 одделение твореше за Скопје! 




Вкусна, топла супа

 Денес во врнежливиот ден 4 - 1 одделение по предметот ,,Млади готвачи" подготвија супа, а потоа додека беше топла,  ја изедоа.












Thursday, 14 November 2024

3 Д геометриски форми

 Кога се забавуваш најдобро се учи. Учиме за 3 Д формите на геометриските фигури и забавно е. Пластелинот и сламките за пиење прават чуда. Резултатот е: сите ги знаат формите на крајот на часот. Одлична идеја на наставничките Сузана Спасовска и Радмила Стефаноска. Браво за вредните 3-1 и 3-2.


















































„Како гледаме на конфликтите"- работилница

 Во рамките на активностите на Центарот за толеранција на 9.11.2024 година се одржа работилница на тема „Како гледаме на конфликтите". ...