Monday, 30 January 2023

Публикација Наш збор- број 1

Весник Наш збор бр. 1- онлајн публикација

Почитувани читатели на линкот пристапете до онлајн весникот на нашето училиште. 

 Според годишната програма на библиотеката испечатен е првиот од двата предвидени броја за оваа учебна година, изданието за првото полугодие. Исто така, креирана е и дигитална верзија во Book Creator, Која можете да ја видите на линкот погоре. 

Friday, 27 January 2023

Повикавме снег- III2 одделение со ликовни изработки во Paint

 На часот по ликовно образование, најзабавно е кога цртаме на компјутер, а секако и на новата смарт табла. Сакавме да го предизвикаме снегот да ни дојде и успеавме.

III2 одд. Наставник: Билјана Петрушевска








Monday, 23 January 2023

Проект „Македонска традиција“ на 2-1



 

На обуката за менторство и конкурсот „Млади европски креатори на наследството“ учество зеде и нашата наставничката Тања Петков. Таа подоцна изработи свој проект и аплицираше со него на овој конкурс, на темата „Македонска традиција“, заедно со нејзините мали, но вредни ученици. Тие изработија кукли од дрвени лажици, метли и слама, користеа и разни ткаенини, парчиња платно и волница, со цел да се прикажат македонските девојчиња и момчиња во минатото. Во нашето училиште, основано 1924 год., постои „Музеј на стари работи“ со предмети кои и денес постојат во училиштето, а се користат за повеќе активности. Овие нивни изработки ќе си го најдат своето место меѓу другите музејски предмети.

За нивниот проект еве што пишуваше во весникот Вечер на 25/01/2023:

Наставничката Тања Стојановска- Петков вели дека уште од предците, пренесувајќи од колено на колено, ние, Македонците, сме учеле за традицијата и за минатото. Таа и целото  второ еден одделение, кое има 19-мина ученици, беа вклучени во работилниците за традиционално наследство, кои се одвиваа во рамките на конкурсот на ЕУ „Млади европски креатори на наследството“, на кој учествуваа шест земји од Европа. При тоа, тие изработуваа кукли со различни носии. – Меѓу куклите имаше и такви што се изработуваа на лажица, една беше изработена од слама, а една – од метла – вели Стојановска-Петков, додавајќи дека децата и родителите со воодушевување и радост го прифатиле предизвикот

Учениците од основното училиште „Свети Климент Охридски“ во Драчево, на територијата на Општина Кисела Вода, ја чуваат и ја негуваат долгогодишната македонска традиција, бидејќи, како што велат, таа е наше најголемо богатство. Наставничката Тања Стојановска-Петков вели дека уште од предците, пренесувајќи од колено на колено, ние, Македонците, сме учеле за традицијата и за минатото.

– Ние, Македонците, се стремиме да ги поучуваме идните поколенија, да ја негуваме традицијата за да продолжи да живее. Учеството во проектот „Македонска традиција“ нè поттикна, преку низа активности, да ги запознаеме учениците со минатото, културата, традицијата, музиката… – вели наставничката Стојановска-Петков.

Таа и целото второ еден одделение, кое има 19-мина ученици, беа вклучени во работилниците за традиционално наследство, кои се одвиваа во рамките на конкурсот на ЕУ „Млади европски креатори на наследството“, на кој учествуваа шест земји од Европа. При тоа, тие изработуваа кукли во различни носии. Дека македонската традиција е дел од ова училиште, кажува и музејот на стари работи, кој и денес се наоѓа во училиштето. Дел од нив се изложени во витрините, додека дел се во канцеларијата.

– Меѓу куклите имаше и такви што се изработуваа на лажица, една беше изработена од слама, а една – од метла – вели Стојановска-Петков, додавајќи дека децата и родителите со воодушевување и радост го прифатиле предизвикот.

– Во близина на нашето училиште постои Дом на културата „Драчево“, во кој членува игроорната група на културно-уметничкото друштво „Китка“, кое постои од 1968 година. На наше барање, го посетивме делот каде што ја чуваат облеката за настапите – народната носија. Учениците се запознаа со деловите од облеката, шарите, боите, везовите, обувките… Следната активност на учениците беше на мали листови да изработат печатење со четка и темперни бои. На црвен хамер ги залепивме сите изработки, засекувајќи ги во вид на реси и изработувајќи го македонскиот вез. Потоа изработивме кукли од дрвена лажица, метла и од слама, користејќи разни ткаенини, парчиња платно, волница за да ги прикажеме македонските девојче и момче од минатото – објаснува наставничката и додава дека претходно изработиле и народен вез.

Освен тоа, како што вели таа, во соработка со родителите, организирале и трпеза со традиционални јадења подготвени од нив и од наставниците.

– На трпезата се најдоа разни макала, пити, баници, традиционалното тавче гравче, сарма, тиква, познатиот ајвар, костени, сутлијаш, баклава, итн… Дел од учениците дојдоа во народна носија, која секое традиционално семејство ја поседува. На крајот, во Македонија секогаш се завршува со песна и со оро, па така и ние го завршивме овој проект со македонска музика од нашиот познат пијанист Симон Трпчевски, изведена во 2022 година, како дел од проектот „Македонисимо“. Со помош на дрвени лажици, учениците ја изведуваа музиката, а со помош на куклите, го прикажавме нашето оро, украсувајќи ја сцената со изработените везови – нагласува Тања Стојановска-Петков, која вели дека резултатите од проектот ги очекуваат во март и се надеваат на успех.

– Учеството во овој проект нè направи побогати, децата среќни, а родителите горди што нивните деца ја продолжуваат традицијата. Мило ни е што учествувавме во овој проект, без оглед дали ќе бидеме наградени или не. Горди сме што останатите европски народи ќе слушнат за македонскиот народ, за нашата вековна традиција, за училиште кое за две години ќе одбележи сто години од своето постоење и за едно успешно одделение – потенцира Стојановска-Петков.

Дека македонската традиција е дел од ова училиште, кажува и музејот на стари работи, кој и денес се наоѓа во училиштето. Дел од нив се изложени во витрините, додека дел се во канцеларијата.

– Музејот на стари работи е основан во 2008 година, во соработка со Општина Кисела Вода. Станува збор за еколошка поставка „Овековечувач на културното наследство“. Локалното население носело стари работи кои ги имало дома, а кои биле изложени во овој музеј. За таа цел, изработен е и флаер во кој е наведено од која фамилија е предметот и колку години е стар. Дел од работите и денес стојат во училиштето, а дел се повлечени од самото население – раскажува Стојановска-Петков.

Така, во канцеларијата на училиштето сè уште може да се видат стар телефон, пегла стара над 90 години, колепки, стари плетени дрвени кошници во кои сега се ставени саксии со цвеќе, бакарен ѓум, грниња, бардачиња, бутин за маштеница, стомни, опинци, како и калап за правење опинци.

Инаку, училиштето е основано во 1924 година и е едно од најстарите училишта во Македонија, а за две години ќе слави 100- годишнина од своето постоење. Со тоа, како што нагласува Стојановска-Петров, станува заштитено како културно наследство.

Во ова училиште, како што истакна директорката Татјана Каранфиловска, сега учат околу 400 ученици.

„Како гледаме на конфликтите"- работилница

 Во рамките на активностите на Центарот за толеранција на 9.11.2024 година се одржа работилница на тема „Како гледаме на конфликтите". ...