Showing posts with label обука. Show all posts
Showing posts with label обука. Show all posts

Monday, 30 March 2026

Насилството не е кул- Втора средба на проектот „Мисија: Другарство“

 Инклузивно и неинклузивно однесување

Денес, 30.3.2026 година, се одржа втората средба на учениците од трите училишта на територија на село и населба Драчево, ООУ „Св. Климент Охридски“, ООУ „ Кузман Шапкарев“ и домаќините ООУ „ Рајко Жинзифов“. Овие активности се дел од проектот кој е реализира во училиштето домаќин под име „ Насилството не е кул“, и е соработка меѓу трите училишта во првичната идеја како „ Мисија: Другарство“. 

На средбата дефектологот Андријана Кукоска ја реализираше работилницата „Инклузивно и  неинклузивно однесување“ каде учениците преку играње улоги, показни вежби  и интересни активности стигнаа до свои заклучоци и извлекуваа поуки и пишуваа пораки. 

Од нашето училиште учесници беа седмоодделенците Матеј Јаневски, Ангел Комненовски, Андреј Велјановски, Филип Димески, Ангелина Николоска, Сара Стојановска, Евгенија Стојановска и Матеа Гиновска.  Благодарност до домаќините за гостопримството. 










Monday, 16 March 2026

,,Превенција од насилен екстермизам, радикализам и врсничко насилство“- обука во нашето училиште

 Денес, 16.3. 2026 се одржа обуката ,,Превенција од насилен екстермизам, радикализам и врсничко насилство“ за колегите кои не ја имаа посетено досега. Седум наставници и стручни соработници активно де вклучија во дискусијата како да стигнеме  до поздрави меѓучовечки односи, кои се начините за справување со конфликтните ситуации и улогата на просветните работници. 

Ова активност е дел од активностите на проектот „Градење на отпорни и инклузивни заедници" финансиран од Global Community Engagement and Resilience Fund – GCERF и имплементиран од Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association – МЗМП во партнерство со граѓанските организации Центар за заедничка основа и Центар за толеранција и доживотно учење.



Monday, 17 November 2025

Обука за превенција од екстремизам, радикализам и врсничко насилство

Викендов 14 и 15.11.2025 во Дојран, се одржа обука за наставници превенција од екстремизам, радикализам и врсничко насилство од Центарот за толеранција и доживотно учење. Учесници беа наставници, раководители и родители, а сите мотивирани да го пренесат личното знаење и искуство стекнато со образовната функција.

Од нашето училиште претставници беа директорката Елена Симоновскa и Јасмина Лакинска.







Sunday, 9 November 2025

„Превенција од насилен екстремизам, радикализам и врсничко насилство" - обука

На 7 и 8.11.2025 година се одржа обука за „Превенција од насилен екстремизам, радикализам и врсничко насилство" во организација на Центарот за толеранција и доживотно учење. На обуката се споделуваа искуства и решенија на наставниците во врска со врсничкото насилство. Предавач на обуката беше м-р Славе Младеновски, социолог и лиценциран медијатор, кој умешно ги водеше дискусиите. Вмрежувањето со колегите, размената на различни искуства и споделувањето на проблемите со кои се соочуваат наставниците секојдневно во работата ги прави овие обуки неопходни за справување со предизвиците во работата со учениците.

Претставници од нашето училиште на оваа обука беа наставничката по македонски јазик Виолета Трпевска и наставничката по биологија Биљана Илиева.





Thursday, 6 November 2025

Обука за Вештачка интелигенција во образовни цели

 Денес, 6.11.2025 во нашето училиште се одржа обука и работилница за наставници од страна на Lead - Заедница за развој и вмрежување на која наставниците се запознаа со алатките за подобрување на наставниот процес. Многу позитивни примери на добра пракса беа споделени и испробани од самите наставници во текот на работилницата, Обучувач беше Иван Јованов- едукатор и фасилитатор, кој вешто го предаде знаењето за креативна употреба на алатките на вештачката интелигенција за образовни цели.

Благодарност до LEAD- Leaders for Education, Activism and Development што нè вклучи во програмата.












Wednesday, 24 September 2025

„Примена и креирање на видео содржини во наставни цели”

 На 24.09.2025 година во НУ Кинотека на Македонија се оддржа еднодневна обука за проектот “И Акција…” (And Action…) реализиран од програмата Еразмус Плус на тема „Примена и креирање на видео содржини во наставни цели”. Претставници од нашето училиште беа наставничката по математика Марија Лозаноска, наставничката по биологија Биљана Илиева, наставничката по македонски јазик Наташа Станојевска и наставникот по историја Филип Ускоков.

На обуката беше презентирана онлајн платформата andactionproject.eu каде наставниците можат да добијат насоки за создавање видео содржини и да проследат бесплатни сертифицирани курсеви.










Thursday, 8 May 2025

Одржана обука „Науката и јас“

Околу 30 посветени наставници по природни науки се собраа во Скопјe на првата професионална обука - фокусирана на современи методи базирани на истражување за да се оживее науката во училницата! 
Обуката започна со топли поздравни говори од директорката на училиштето Татјана Јанкуловска, претставничката на Македонија2025,  Нена Манчев и претставничката на Џонсон Мети, Мартина Стефановска, поставувајќи ја сцената за продуктивен и ангажиран ден исполнет со учење и инспирација.
Оваа иницијатива е дел од Комуникациската програма на Џонсон Мети во соработка со Министерство за образование и наука | Биро за развој на образованието.

Генерално, овој настан го означува продолжувањето на мисијата едукаторите низ Македонија да ја поттикнат доживотната љубов кон науката кај своите ученици.
Од нашето училиште претставник беше наставник - ментор Билјана Илиева.

Tuesday, 29 April 2025

Доделување на сертификати за 3Д обука

 Вчера, 28.4.2025 год. во дворот на фабриката Титан се доделија сертификатите за 3Д обуката на Иноваториум за учениците од седмите одделенија од нашето училиште. Учениците и нивните ментори , директорката Елена Симоновска  како и родители беа присутни на настанот кој е завршна фаза на неколкуте обуки кои учениците ги поминаа за 3Д печатење.




Sunday, 27 April 2025

Втора обука за „Превенција од насилен екстермизам, радикализам и врсничко насилство“


 Успешно заврши и втората обука за наставници, стручни соработници и преставници од државни институции на тема „Превенција од насилен екстермизам, радикализам и врсничко насилство“. 

Таа се одржa во Крушево во Хотел Вила Гора, центарот ќе организира уште 3 вакви обуки.

Ова активност е дел од активностите на проектот „Градење на отпорни и инклузивни заедници" финансиран од Global Community Engagement and Resilience Fund – GCERF и имплементиран од Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association – МЗМП во партнерство со граѓанските организации Центар за заедничка основа и Центар за толеранција и доживотно учење.

Претставници од нашето училиште беа Д.А.Гулабоски и Б. Јованоска.




Tuesday, 22 April 2025

„Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“- работилница








Денес, 22.4.2025, на Денот на планетата Земја,  во нашето училиште Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон - Центар за еколошка демократија започнаa со спроведување на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија и Амбасадата на Швајцарија во Македонија (Embassy of Switzerland in North Macedonia) преку Цивика мобилитас Civica Mobilitas и ќе се спроведува до октомври 2026 година.

Општата цел на проектот е постигнување на циркуларна економија преку одржливо управување со органски отпад со стекнување на практични знаења, коишто придонесуваат за остварување на одржлив развој.

 

Во рамките на проектот ќе се спроведуваат следниве активности кои се поврзани со Био-технолошката лабораторија:

  • А.1.1. Реализација на  еднодневни работилници во Био-технолошка лабораторија, наменети за ученици од 20 ООУ од скопскиот регион, на коишто ќе се изучуваат техники за трансформација на потенцијалот на биоотпадот до корисни производи од фармакологијата, козметиката, прехранбената индустрија и сл.
  • А.1.2. Настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти (на отворено) со мобилна опрема од лабораторијата, наменети за ученици, коишто ќе се одвиваат во училиштата.
  • А.1.3. 2 дводневни работилници водени од наставници, експерти и волонтери за тестирање на креативни зелени идеи, преку кои заинтересирани ученици да го продолжат школувањето во средни стручни училишта од хемиско-технолошката и земјоделско-ветеринарната струка ќе трансформираат био-отпад до корисен продукт, со цел развивање на одржлив зелен бизнис.

 

По еднодневните работилници во Био-технолошка лабораторија на која присуствуваат ученици од нашето училиште ќе следува одржување на настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата односно „Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици" со ученици од основни училишта од Скопскиот регион.

Реализатори на обуката беа Тамара Радовановиќ Анѓелковска, Проектен координатор (РЕЦ) Горан Трајковски, Раководител на одделение за лабораториски анализи и третман на отпадни води, ЈП Дрисла,  Благој Шурбевски, Експерт за животна средина. 

Целта на работилницата беше добивање на биодизел. Двете групи имаа различни активнсти и тоа:

Група 1

  • Добивање на биодизел
  • Индикатори на метали во вода од лушпи од јајца
Група 2
  • •             Добивање на биодизел

    •             Биопластика од лушпа од компир

По учеството во работилниците се очекува учениците да стекнат знаења и зголемена свесност за циркуларна економија и правилнотo постапување со отпадот во заедницата.

 
















 

Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"

  📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа  промоција на  книгата"Перото на Илинч...