Showing posts with label уредници на списанието. Show all posts
Showing posts with label уредници на списанието. Show all posts

Thursday, 23 January 2025

Нов полугодишен број на весникот Наш збор


Изготвено е новото издание на петтиот број на весникот Наш збор со новиот редакциски одбор од редовите на учениците. Повелете прочитајте. 

Линк до весникот.https://read.bookcreator.com/0sBaXcYnqtRWiTFtB7sMTeQMW1C3/uAuglxwbTWKLGzAaIkTWdA

Thursday, 19 December 2024

Воведен збор на уредниците за петтиот број на весникот „Наш Збор“

 

Драги читатели, 

Пред вас е уште еден број на училишниот весник, посебен по тоа што во него ќе се задржиме најмногу на одбележувањето на стогодишнината од постоењето на нашето училиште и 80 години од одржувањето на настава на мајчин, македонски јазик.

Пред да започнам, морам да напоменам дека ова што сакам да ви го раскажам не може да се објасни со зборови, може само да се доживее и почувствува.

Но, сепак ќе се обидам да ја доловам сликата на големиот патронен ден, на тема „Портрет на едно училиште што дише“. Прославувањето на 100 годишното постоење на нашето училиште и 80 години настава на македонски јазик во него, беа два големи јубилеја, тоа беше  прослава за цел еден век постоење!

Да, тоа не беше само еден ден празнување во чест на големиот ден. Ние учениците заедно со наставниците и сите вработени во училиштето цел месец имавме најразлични активности.

Учениците твореа ликовни и литературни творби, а најдобрите беа наградени. Се организираа и натпревари во фискултурната сала, како и пешачење во кое покрај ученици и вработени беа вклучени и поранешни ученици и родители. 

Нашите наставници како и сите други вработени во училиштето во чест на патрониот празник цел месец носеа исти маички во иста боја на кои имаше напишано за сто годишнината.

Сите вредно работеа, а воедно и уживаа во активностите кои се реализираа и во кои учествуваа ученици од сите генерации, сегашни и поранешни во најразлични активности. Сите дадоа свој придонес на различен начин. Долго се подготвувавме и за денот на прославата на која имаше покането многу гости. Имаше подготвено и покани за гостите, но и мали подароци како пенкало за секој гостин на кое беше испечатено името на училиштето и 100 годишнината, чаша за секој ученик со логото на училиштето, се доделија и благодарници на соработниците на училиштето. Беше изработена и Монографија која е испечатена во 200 примероци.

И големиот ден, ден кој вечно ќе остане врежан во нашите сеќавања, но и ден кој измами многу спомени, ден кој растрепери многу срца, а и по некоја солза радосница. До последното место се исполни салата во Домот на културата во с. Драчево каде што се одржа приредбата. Таа беше организирана во три периода од: минато, сегашно и идно време. Сцената беше магична, прекрасно уредена и се започна со химната на Македонија, потоа и химната на училиштето. Целата приредба беше низ раскажувањето на еден дедо (професорот Велко Тодевски) и две деца (Теона и Димитар), кои раскажуваа спомени, но зборуваа и за сегашни и идни настани. После секој нивни разговор следуваше сцена на која тоа сликовито се раскажуваше. Имаше драматизација за Климент, настап на КУД Китка, драматизација за времето кога се учело на српски јазик, настапи хорот со песната Ој девојче, девојче, потоа драматизација со пионерите, ритмичка точка – Лична Македонија, видео со поранешни ученици кои сега се во други земји, ритмичка точка – Мојата учителка , драматизација за иднината, говор на директорката, говор на градоначалникот, се набројаа и познати личности кои се поранешни ученици на нашето училиште и имаше настап на наставниците и учениците со песната Посебен ден.

Владееше топлина, емоции испреплетени со носталгија и среќа. Но и верба и ветување дека традицијата ќе продолжи, да го сакаме и чуваме нашето училиште. да се гордееме со него, но и тоа со нас. На едно место многу генерации, баби, дедовци, мајки, татковци, поранешни и сегашни ученици и наставници, наши наставници, наставници на нашите родители...
Прекрасен настан кој може само да се доживее, да се почувствува, кој ја исполнува душата со топлина, но и со гордост.

 Горд сум што сум ученик во основното училиште ,, Св. Климент Охридски“ во с. Драчево.

 

                                                                                                  Матеј Јаневски VI - 2

Monday, 30 January 2023

Публикација Наш збор- број 1

Весник Наш збор бр. 1- онлајн публикација

Почитувани читатели на линкот пристапете до онлајн весникот на нашето училиште. 

 Според годишната програма на библиотеката испечатен е првиот од двата предвидени броја за оваа учебна година, изданието за првото полугодие. Исто така, креирана е и дигитална верзија во Book Creator, Која можете да ја видите на линкот погоре. 

Wednesday, 2 November 2022

Филмска критика за гледан филм од Филип Спасовски и Петар Ангеловски 8-1

  



Критика за филмот „Брат ми брка диносауруси”
напишанa од Филип Спасовски и Петар Ангеловски 8-1 одделение
Филмот „Брат ми брка диносауруси” е во режија на Стефано Ципани. Главните улоги ги толкуваат Алесандро Гасман, Изабела Рагонезе, Лука Морело/Франческо Геги, а улогата на Џио ја толкува Антонио Урас, а потоа Лоренцо Систо. Филмот е италијанско-шпанска копродукција. Има освоено главна награда на Европската филмска академија за најдобар филм наменет за млада публика во 2020 година. Ова е еден од оние филмови кои што после гледањето те прават подобра личност. Базиран е на вистинска приказна и ја следи приказната за помалиот брат на Џек, дете кое што е родено со Даунов синдром. Живеејќи со својот помал брат, Џио, на почетокот Џек беше возбуден сметајќи го својот брат за супер-херој. Но со текот на времето како Џек созреваше тој разбра дека неговиот помал брат е дете со попреченост и почнува да се срами од него и посакува брат му да не постои во неговиот живот. Кога Џек ќе се заљуби во Аријана, тој лаже дека брат му е починат. После некое време тој признава дека Џио е сè уште жив и повторно почнува да размислува дека таквите деца се навистина супер-херои. Приказната тече со голема вештина и го прикажува животот на Џио и Џек многу топло и поучно. Секако дека има и грешки и слабости кај ликовите, но важно е дека тие се градат во текот на филмот и стануваат подобри личности на крајот од приказната. Додека го гледавме филмот ние ја почувствувавме неговата поучност и ги сфативме предизвиците со кои се соочуваат лицата со Даунов синдром и нивните семејства.

Wednesday, 21 September 2022

Воведен збор од уредниците

 


Драги читатели, 

Ви благодариме што покажавте интерес за нашето списание Наш збор од ООУ.„Св.Климент Охридски“. Се надеваме дека ќе Ви се допадне и ќе уживате во него.

Во ова наше интересно списание ќе се зборува што се случува во ООУ.Св.Климент Охридски с.Драчево.

Како го организираме нашето време во училиштето. Исто така, списанието ќе покрива и интересни активности кои ги имаме за време на учебната година. Се надеваме дека ќе ви се допадне.

На почетокот од секоја учебна година секое прваче си добива бесплатни чадорчиња, училишни чанти, тетратки или училишен прибор.Годинава на пример секое прваче доби ранче, подарок од општина Кисела Вода, преку проектот за првачињата.  Како и да е, колку сме хумани, толку сме и забавни така што на секој почеток во училишната година се спремаат претстави каде што се танцува, се читаат стихотворби и уште многу други интересни работи. А, најважно од се' е безбедноста за секое дете, но не се  грижете, нашето училиштето е добро организирано, па така секое дете е безбедно тука!

Покрај првачињата, и секое друго одделение има пристојно место за учење.На пример да се пофалиме за обезбедените услови за учење од 2019 до сега.  Ако во минатото списание на “ООУ.„Св.Климент Охридски Пилот” во не така далечната 2019 се зборуваше на темата Иднината на училиштето и беше спомнато дека посакувано е да  имаме повеќе смарт-табли, еве денеска за само 3 години, не може да се најде училница во нашето училиште без проектор или смарт-табла!

 Подготвено и  напишано од

 Софија Ацевска 8-1

Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"

  📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа  промоција на  книгата"Перото на Илинч...