Wednesday, 22 May 2024

Прва локална конференција на проектот „Место за растење: општини посветени на децата“.

Прва локална конференција на проектот „Место за растење: општини посветени на децата“.

На 22.05.2024 година се одржа Првата локална конференција во општина Кисела Вода во рамки на проектот „Место за растење: општини посветени на децата“ во организација на Првата детска амбасада ,,Меѓаши" и  Центарот за семејно и детско згрижување (КМОП). Оваа конференција е во рамките на проект кој има цел подигање на свеста и креирање на општини посветени на децата. Крајната цел е формирање на платформа која ќе ги унапреди детските права и ќе обезбеди поголемо детско учество. Беа поканети наставници, стручни соработници од училиштата на територија на општина Кисела Вода како и претставници од општината заеднички да дискутираат и изнајдат решенија како општината да стане подобро место за раст на најмладите Темите на локалната конференција и локалниот панел се прашања поврзани со поттикнувањето на детското учество во локалното планирање и носењето одлуки.

Конференцијата беше сеопфатна со бројни дискусии и излагања на вработени од сите училишта, основни и средни, како и градинките на територија на општина Кисела Вода и институции кои се занимаваат со унапредување и заштита на правата на децата.

По конференцијата се формираше Панел работна група на која се дискутираше за дефинирање на идните стратешки точки и изготвување на акциски план на дејствување. 

Присутни на конференцијата беа директорката на нашето училиште Елена Симоновска и библиотекарката Наташа Старделова, која учествуваше и во работата на Панел групата. 



 

No comments:

Post a Comment

„Како гледаме на конфликтите"- работилница

 Во рамките на активностите на Центарот за толеранција на 9.11.2024 година се одржа работилница на тема „Како гледаме на конфликтите". ...