„Мост меѓу генерациите е љубовта кон книгата"- работилница
На 28.5.2024 во Домот на културата „Билјана Беличанец" се одржа работилницата „Мост меѓу генерациите е љубовта кон книгата" во организација на две наставнички ентузијасти Маја Трајковиќ и Душанка Трпевска, Градската библиотека „Браќа Миладиновци"и НУБ.„Св. Климент Охридски". Осмислените и креативни 14 активности водени од библиотекарот и наставник по француски во ООУ „Невена Георгиева Дуња" Маја Трајковиќ и - Душанка Трпевска, професор по македонски јазик во средното училиште „8 Септември" ги активираа учениците - учесници од 4 училишта, средношколците од ,,8 Септември" и учениците од трите основни училишта: „Св. Климент Охридски", „Рајко Жинзифов" и „Невена Георгиева Дуња". Претставници од „Св. Климент Охридски“ беа учениците од 5 одд. Дарија Јаковчевска, Матеа Гиновска, Неда Марковска и Ангелина Николоска кои заедно со библиотекарот Наташа Старделова имаа чест да бидат учесници во овој интересен проект каде се спојуваат различните генерации со заедничката страст, љубовта кон пишаниот збор.
Голема благодарност до организаторите, како и до авторката Маја Трајковиќ, која подари 5 примероци од својата книга за деца и млади, „Златна душа“, за нашата библиотека.
No comments:
Post a Comment