Во рамките на активностите на Центарот за толеранција на 9.11.2024 година се одржа работилница на тема „Како гледаме на конфликтите". Работилницата ја водеа професорки од Центарот за толеранција, а учесници беа ученици од 6 и 8 одделение. Учениците интерактивно, преку разни техники и активности учеа како да ги препознаат и правилно да реагираат при појава на конфликтни ситуации во училиште. Ова е првата од вкупно 6 работилници кои ќе се реализираат до крајот на учебната година. Во склоп на програмата на Центарот за толеранција предвидени се и обуки на наставниците на слични теми.
Училишни координатори : Елена Петрушевска и Биљана Илиева