За овие два месеци за читател на месецот ја прогласуваме Ангелина Николоска од 5-1 одделение, која ги откри книгите на англиски во нашата библиотека и прочита голем број од нив. Ти посакуваме многу прочитани книги на бројни јазици, Ангелина!
Thursday, 29 February 2024
Да ја дочекаме Баба Марта
Да ја дочекаме Баба Марта
Петтоодделенците и шестоодделенците навреме се подготвија за да го пречекаат месецот март и ги изработија традиционалните мартинки со црвена и бела боја. 5-1,5-2, 6-1,6-2, 6-3 одделение под водство на наставнчката по Техничко образование денес ги изработија своите „висулци“.
Мартинката се изработува од волнено или памучно предиво во 2 основни бои — бела и црвена. Овој празник уште се нарекува и празник на "Баба Марта".
Обичајот Мартинки во Република Македонија со Одлука се прогласени за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, бр. 45-4183/1 од 16 јули 2019 година во Македонија. Потоа следи Решение за прогласување на значајно културно наследство УП.1 10-104 од 26 февруари 2014 година. Во 2017 година била донесена одлука за впишување на обичајот Мартинки на Претставителнниот список на УНЕСКО за нематеријални културно наследства на човештвото.
Обичајот на правење мартинки, односно на еден вид амајлии изработени од усукани конци (најчесто од црвена и бела боја) се поврзува со почетокот на месецот март - први март, кој во народниот календар е познат под неколку имиња: Марта, Првна Марта, Баба Марта, Мартинден, Летник и сл. Покрај вообичаеното народно толкување, дека мартинките се носат за здравје и среќа во текот на претстојната година/лето, постои толкување и дека тие се носат „за од змии“, т.е. луѓето да немаат проблеми со змиите преку летото.
Мартинките вообичаено се носат неколку денови во текот на месецот март и најчесто времетраењето на носењето на овие своевидни амајлии за заштита на луѓето од зло, несреќа и разни неволји, односно да им донесе здравје и среќа (к’смет) зависи од доаѓањето на преселните птици од југ. Имено, според народното толкување регистрирано во некои предели во источниот дел на Република Македонија, мартинките се носат сé додека не се здогледа првата ластовичка или штрк, кога според обредната пракса, мартинката се симнува од раката и се става под камен. Во некои западномакедонски предели, пак, мартинката кога се симнува се остава на гранче (грмушка) од трендафил (ружа).
Кои предмети се магнетизирачки?
Истражување: Кои предмети се магнетизирачки?
Креирање на играчки со употреба на магнет.
Одд. Наставник: Тања Петков и 3 -1 одделение
Кокичето пристигна и во III2 и донесе многу креативност и насмевки
Кокиче. Мало и нежно а сепак силно и борбено. Им пркоси на зимата и снегот како силен воин кој се раѓа од земјата. Се појавува и навестува дека заминува студот, а доаѓа пролетта со сета своја убавина.
Пролетта која носи зеленило, радост и пролетни игри за децата. Кокичето пристигна и во III2 и донесе многу креативност и насмевки.Wednesday, 28 February 2024
Меѓународен ден за лицата со ретки болести
Најреткиот ден во годината, 29 Февруари, е Меѓународен ден за лицата со ретки болести. По тој повод цел месец се одржуваат активности чија цел е да се подигне свеста во општеството за предизвиците со кои се соочуваат овие луѓе.
Tuesday, 27 February 2024
Резултати од општинскиот натпревар по природни науки
Резултати од општинскиот натпревар по природни науки:
IV-2 одд.
Марко Арсоски II место,
Никола Димоски III место,
Андреј Стојановски III место,
Вероника Димишковска III место,
Кристијан Недевски - учество.
Ментор: Билјана Петрушевска
IV-1 одд.
Василиј Ѓорѓиевски - II награда
Мила Станковска - III награда
Константин Нуцовски - III награда
Алексеј Филиповски - пофалница
Ментор: Елена Симоновска
VI одд.
Никола Крковски 2 награда
Јаков Станков 2 награда
Калин Тодоровски 3 награда
Иван Весковски 3 награда
Христијан Силјаноски 3 награда
Христијан Секуловски 3 награда
Михаела Крстевска пофалница
Сите ученици од 6 одд. се пласираа на регионалниот натпревар.
Ментор: Биљана Илиева
V одд.
Дарија Јаковчевска 5-2 2 награда
Петар Мицевски 5-2 3 награда
Андреј Велјановски 5-1 3 награда
Евгенија Стојановска 5-1 3 награда
Матеј Јаневски 5-2 3 награда
Кристијан Јовевски 5-2 3 награда
Јована Јовановска 5-1 пофалница
Јована Дабеска 5-1 пофалница
Марко Јовески 5-1 пофалница
Илина Трајкоска 5-2 учество
Леона Тодоровска 5-2 учество
Андреј Димковски 5 - 1 учество
Ментор: Марјан Кузмановски
Работилница во 6-1 „Моите емоции"
Работилница „Моите емоции" Сите ние сме луѓе, па според тоа, сите имаме емоции. Тие се многу важен дел од меѓучовечките односи. Во текот на еден ден може да имаме многу различни емоции. Изложени сме на различни настани, луѓе кои ни предизвикуваат емоционална реакција. Можеме да бидеме тажни, среќни, лути, гневни. И тоа е сосема во ред.
Monday, 26 February 2024
Одржана обука за стручните соработници на тема „Предизвикувачко однесување“
Одржана обука за стручните соработници на тема „Предизвикувачко однесување“
На 23.02.2024 во ресурсниот центар „Златан Сремец“ беше одржана обука за стручните соработници на ниво на општина Кисела Вода. На обуката претставници од нашето училиште беа Елена Петрушевска- педагог, Ивана Јаневска- психолог, Цветана Зафировска- дефектолог и Наташа Старделова- библиотекар. На обуката беа дефинирани поимите и беа дадени инструменти и техники за надминување на проблематичното однесување кај учениците.
Одделенски час со украсни камења во 7-2
„Како гледаме на конфликтите"- работилница
Во рамките на активностите на Центарот за толеранција на 9.11.2024 година се одржа работилница на тема „Како гледаме на конфликтите". ...
-
ООУ„Св. Климент Охридски“- с.Драчево (google.com) За сите организациски информации за нашето училиште, пристапете на новата веб-страница ...
-
Среќни пензионерски денови на нашиот драг наставник и колега, Зоран Божиновски, му посакуваме ние, учениците и колегите во ООУ. „Св. Климен...
-
Топло изненадување на нашата драга наставничка и колешка Александра Митровска и приредија нашите вредни и мили првачиња од I-2 одд.,со п...