Showing posts with label Посета. Show all posts
Showing posts with label Посета. Show all posts

Friday, 21 November 2025

Посета на Општина Кисела Вода и Собранието на РМ – едукативно патување за нашите ученици




Денес нашите ученици од четврто и петто одделение имаа можност да ја збогатат
наставата по историја и општество со практично искуство преку посетa на Општина
Кисела Вода и Собранието на Република Македонија. Во рамки на посетата
на Општината, учениците се запознаа со тоа како функционира локалната
самоуправа, кои служби постојат и како општинските институции работат за
подобрување на животот во заедницата. Децата имаа можност и да поставуваат
прашања, со што уште подобро го разбраа значењето на општината за секојдневието
на граѓаните. Во Собранието на РСМ, нашите ученици прошетаа низ салите каде што
се носат важни одлуки за државата. Им беше објаснето како изгледа процесот на
донесување закони, која е улогата на пратениците и зошто е важно да се
почитуваат демократските вредности. Посебно уживаа во можноста да седнат во
пратеничките клупи и да се почувствуваат како вистински носители на одлуки.
Оваа образовна посета беше одлична можност учениците преку директно искуство да
научат повеќе за институциите, одговорностите и демократските процеси во нашата
држава. Горди сме на нивниот интерес, љубопитност и активно учество!
Имавме можност одблизу да се запознаеме со работата на државните и локалните институции, да слушнеме интересни информации и да видиме како изгледа донесувањето одлуки што се важни за сите граѓани.

Учениците беа љубопитни, активни и со многу прашања, а посетата беше одлична можност за учење надвор од училницата. Благодарност до домаќините за топлиот прием.
Одговорни наставници: Лиле Велјановска, Тања Петков, Радмила Стефаноска, Цветана Зафировска и Викторија Стојмирова.







































 

Thursday, 20 November 2025

20 Ноември- Светскиот ден на детето

Во чест на Меѓународниот ден на детето – 20 Ноември, имавме особена чест и задоволство да учествуваме на еднодневната работилница ,,Детски парламент‘‘, која се одржа на 20 ноември 2025 година (четврток) во Големата купола на Собранието на Република Македонија, со почеток во 10:00 часот.

Настанот беше дел од активностите по повод Светскиот ден на детето и имаше за цел да го поттикне учеството на децата во процесите на донесување одлуки и да ја промовира важноста на детските права.

Во активностите кои беа организирани во Собранието на Република Македонија учествуваа четири ученици: Андреј Радевски , Михаела Димитровска, Матеј Димишковски, Јана Цветановска од деветто одделение и еден наставник-ментор: Гордана Стојковска-Анѓелковска.

Во првиот дел од работилницата учениците учествуваа со поставување прашања до пратениците, поставуваа прашања кои ги засегаат младите луѓе и проблемите со кои се соочуваат секојдневно.

Во вториот дел учениците го презентираа паното со порака до пратеник на тема: Секој ден е нова можност – создај ја својата иднина!‘’ 

Во третиот дел од работилницата според агендата учениците дебатираа на темата: ,,Замена на класичните учебници со електронски‘‘.

Нашето учество беше од големо значење за успешно одбележување на овој значаен ден за децата. Голема благодарност до организацијата и организаторите кои ни овозможија да учествуваме на овој значаен настан.








Sunday, 19 October 2025

Посета на куќата на Мајка Тереза во рамки на проектот МИО

Во петокот, на 17.10.2025 година учениците од нашето училиште учествуваа во активности во рамки на проектот МИО. Во училиште се запознаа со животот и делото на Мајка Тереза преку истражување и презентации за животот и делото на познатата хуманистка. Потоа ги извадија и напишаа цитатите од неа кои им оставија најмногу впечаток. Следна активност беше посета на спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје, каде дополнително ги продлабочија своите знаења и ѝ оддадоа почит.
Погледнете галерија на  фотографии од нашите активности. 





 

Monday, 13 October 2025

Посета на Музејот на ЕВН на Матка

  Денес 5-1 беа на посета во Музејот на ЕВН во Матка.

Преку кратки филмчиња дознаа за животот пред електрична енергија, како се градела хидроцентралата Матка и како Скопје добило осветлување. Ова е втор дел од проектот „Енергетска едукација за паметна генерација“ на здружението „Едувизија“. Проектот е финансиран од Општина Кисела Вода.


























Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"

  📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа  промоција на  книгата"Перото на Илинч...