Friday, 28 April 2023

Забавна математика во 2-2

 На часот по математика, низ игра учиме за положба, насока и движење со користење стрелка како симбол. 

II 2 oдделение.










Награда на литературен конкурс

 28 Април е светскиот ден за безбедност и заштита при работа.

 На распишаниот конкурс ,,БЗР од мали нозе 2023", Дафина Здравковска освои 3 место.

Ментор: Виолета Трпевска

Член на комисија: Лидија Дузлевска Честитки за наградата.





Читател на месецот април

Антонија Спасовска од 2-2 е прогласена за читател за месец април со позајмени и прочитани најмногу книги во месецот. Многу честитки за Антонија, ѝ посакуваме уште многу прочитани книги.  


 

Thursday, 27 April 2023

Полигонско -прецизно возење велосопед

 Денес ( 27.4.2023г) во нашето училиште се реализираше мини-натпревар помеѓу 5-1; 5-2 и 5-3 одд. во полигонско-прецизно возење велосипед и при тоа се освоија овие резултати:

1 место-момчиња

Јаков Станков 5-1одд 

( 0 негативни поени)

2 место-момчиња:

Андреј Стојчевски 5-2 одд

Антонио Димовски 5-1 одд

Максим Ѓеорѓиевски 5-2 одд

Андреј Станков 5-1одд

Андреј Петрески 5-2 одд

( имаат по 2 негативни поени)

3 место-момчиња

Христијан Силјановски 5-3 одд

Калин Тодоровски 5-3одд

(Имаат по 4 негативни поени)

1 место-девојчиња

Михаела Крстевска 5-3 одд

Јана Миноска 5-1 одд

( имаат по 1 негативен бод )

2 место девојчиња

Христина Милојеска 5-3 одд

Марија Коцева 5-1 одд

Ана Мицевска 5-2 одд

( имаат по 2 негативни поени )

3 место девојчиња

Стефанија Коцева 5-1 одд

Лина Бабунска 5-2 одд

(Имаат по 3 негативни поени)

Екипно:

1 место 5-1одд (-20)

2 место 5-2 одд (-29)

3 место 5-3 одд (-31)

Честитки до сите ученици

Ментор Валентина Терзиева





Сообраќајна култура со глинамол во 3-1

 









🚍Сообраќајна култура преточена во моделирање со глинамол и многу забава! ✌️🚘⚠️🚔🚸 

*III-1 одд. 

Одделенски наставник: Елена Симоновска

Дневникот на Ана Франк во 8-2

 Преку лектирата ,,Дневникот на Ана Франк", 8-2 одд. имаа можност да се запознаат со животот на Евреите за време на Втората светска војна.

Потоа виртуелно ги посетивме куќата на Ана Франк и Тајното засолниште.












Креативен пристап за час по лектира

 Креативни изработки на часот по лектира

Учениците од 7 одд. инспирирани од лектирата ,,Мојот звук" од Оливера Николова, изработија торбички со корицата на лектирата. Во торбичката ставија по пет предмети, кои им оставија најголем впечаток од лектирата.










Донација од 100 нови книги од издавачката куќа „Арс Ламина“ за нашата библиотека

 Денес, 27.4.2023 во нашето училиште пристигна донацијата на 100 нови книги од издавачката куќа ,,Арс Ламина" проект со кој оваа издавачка куќа го промовира читањето и ги збогатува училишните библиотеки под мотото „Читањето е супер моќ". Возбудата кај членовите на библиотекарската секција беше голема и со нетрпение чекаме да ги направиме првите позајмувања. Голема благодарност до Марија Богоеска и Димка Јовевска за исцрпната презентација.  



















































„Како гледаме на конфликтите"- работилница

 Во рамките на активностите на Центарот за толеранција на 9.11.2024 година се одржа работилница на тема „Како гледаме на конфликтите". ...