Showing posts with label соработка со локална заедница. Show all posts
Showing posts with label соработка со локална заедница. Show all posts

Friday, 17 April 2026

„Зелени бизнис идеи за реупотреба на био отпад″


„Зелени бизнис идеи за реупотреба на био отпад″ 

 На 15 и 16 април 2026 год. во Биотехнолошката лабораторија одржавме дводневна работилница за тестирање на „Зелени бизнис идеи за реупотреба на био отпад″ кои ги смислија инвентивните и вредни учениците од основните училишта под менторство на нивните наставнички.

На натпреварот за идеи вршевме експерименти за добивање на биосаксија од органски отпад, биохартија и биопластика од лушпи од банана, био-свеќа користејќи портокал и маслиново масло, еко сапун од прегорено масло, склопивме биокомпостара за добивање на компост и го поставивме отпадот за добивање на компост, направивме биоплоча од разни видови на отпад, природен парфем од кора од портокал.
Со големо задоволство ги тестиравме идеите заедно со возбудените ученици и експертите и заклучивме дека сите се успешни!
 Со учениците од ООУ „Војдан Чернодрински″ изработивме биосаксија од органски отпад.
 Со учениците од ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски″ со користење на лушпи од банана добивме биопластика и биохартија и био-свеќа користејќи портокал и маслиново масло.
 Со учениците од ООУ „Кузман Јосифовски Питу″ добивме парфем од кора од портокал.
 Со учениците од ООУ „Климент Охридски″, направивме еко сапун од прегорено масло.
 Со учениците од ООУ „Братство″ склопивме биокомпостара за добивање на компост и го наредивме отпадот за добивање на компост.
 Со учениците од ООУ „Владо Тасевски″ направивме биоплоча од разни видови на отпад.
Ви пренесуваме дел од работната атмосфера преку фотографии!
Најголемиот подарок од овие два убави денови беа широките насмевки на учениците кои успеаа во своите намери за изработка на иновативни, корисни и органски продукти преку користење на био отпадот.
Учениците со помош на соучениците и родителите сами го селектираа и собираа био отпадот по видови за потребите на изготвување и добивање на корисни продукти во Биотехнлошката Лабораторија Селекција и селективно собирање на органски отпад, по видови, за добивање на корисни продукти во био-технолошка лабораторија.
📷И не само тоа, ја снимавме работилницата за да подготвиме промотивно видео за проектот.
Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Resource Environmental Center - REC North Macedonia Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Eco - Logic и Center for Environmental Democracy - Florozon Флорозон - Центар за еколошка демократија, започнавме со одржување на дводневните Работилници за тестирање на „Зелени бизнис идеи за реупотреба на био отпад″ со основните училишта од Скопје.
Проектот е подржан од Владата на Швајцарија и Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Цивика мобилитас #CivicaMobilitass, #CHinMK (civicamobilitas.mk)

Тимот од нашето училиште е составен од Лина Крстевска, Андреа Радевска, Дамјан Трпевски и Никола Крковски.
Ментор : Биљана Илиева


















Monday, 30 March 2026

Насилството не е кул- Втора средба на проектот „Мисија: Другарство“

 Инклузивно и неинклузивно однесување

Денес, 30.3.2026 година, се одржа втората средба на учениците од трите училишта на територија на село и населба Драчево, ООУ „Св. Климент Охридски“, ООУ „ Кузман Шапкарев“ и домаќините ООУ „ Рајко Жинзифов“. Овие активности се дел од проектот кој е реализира во училиштето домаќин под име „ Насилството не е кул“, и е соработка меѓу трите училишта во првичната идеја како „ Мисија: Другарство“. 

На средбата дефектологот Андријана Кукоска ја реализираше работилницата „Инклузивно и  неинклузивно однесување“ каде учениците преку играње улоги, показни вежби  и интересни активности стигнаа до свои заклучоци и извлекуваа поуки и пишуваа пораки. 

Од нашето училиште учесници беа седмоодделенците Матеј Јаневски, Ангел Комненовски, Андреј Велјановски, Филип Димески, Ангелина Николоска, Сара Стојановска, Евгенија Стојановска и Матеа Гиновска.  Благодарност до домаќините за гостопримството. 










Thursday, 26 March 2026

Флора, Фауна, Покриви- изложба и креативна работилница во Чифте амам

 Денес, 26.3.2026 година, Ева Петрушева, Ема Настевска и Јана Цветановска, заедно со своите наставнички Валентина Терзиева и Наташа Старделова ја посетија изложбата во Чифте Амам под наслов Флора, Фауна, Покриви. Поканети од долгогодишната соработничка Маја Димитрова - едукатор во Националната галерија, заедно со учениците од Невена Георгиева Дуња, учениците имаа единствена можност да ја погледнат тековната изложба, а потоа инспирирани од уметноста да создадат свои дела. 

































Tuesday, 3 March 2026

,,Star for life"- почеток на проектот

 Денес, нашето училиште Св. Климент Охридски Драчево беше посетено од  градоначалничката на Општина Кисела Вода , Бети Стаменкоска Трајкоска и заедно со шведскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Ола Сулстром го отпочнаа новиот проект ,,Star for life". Посетата се реализира како продолжение на активностите од неодамна потпишаниот трипартитен меморандум за имплементација на проектот „Star for Life“, чија главна цел е превенција на булингот и врсничкото насилство.

Нашето училиште беше домаќин и на донаторите на проектот Антонијо Трпевски и Пирко Трпевски, претставниците од тимовите на „Star for Life“ и „Motivation Lift“, како и од Обединетата Македонска Дијаспора. Присуството на шведскиот амбасадор и останатите гости, имаше за цел директно запознавање со училишниот колектив и капацитетите на установата, како и реафирмирање на заедничката посветеност кон успешна реализација на проектот. Оваа посета претставува значаен чекор во продлабочувањето на соработката и е недвосмислена потврда на меѓународната поддршка за градење поздрава училишна средина. Истовремено, меѓународните тимови кои неделава престојуваат во Скопје, ги започнуваат процесите за формирање и обука на македонскиот тим кој директно ќе работи со наставниците и учениците од четврто, петто и шесто одделение на препознавање и спречување на ризични ситуации.


-Присуството на шведскиот амбасадор, Н.Е. Ола Сулстром, донаторите на проектот Антонијо Трпевски и Пирко Трпевски, претставниците од тимовите на „Star for Life“ и „Motivation Lift“, како и од Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), во нашето училиште е извонредно значаен настан за Општина Кисела Вода. Оваа посета ја потврдува сериозноста и посветеноста со која пристапуваме кон искоренувањето на врсничкото насилство. ,,Нашата визија за модерно образование подразбира паралелно вложување. Воведувањето светски програми за превенција и искуството што ни го пренесуваат нашите шведски пријатели е клучно за нашата стратешка цел: здрави генерации кои ќе растат во средина на меѓусебна почит, безбедност и толеранција"- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.


























Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"

  📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа  промоција на  книгата"Перото на Илинч...