Showing posts with label Хуманост. Show all posts
Showing posts with label Хуманост. Show all posts

Monday, 7 October 2024

„Недела на младите на Црвениот крст“

                                           














Во саботата на 05.10.2024 год. во Innox Centar се одржа централниот настан на ,,Недела на младите на Црвениот крст на Република Северна Македонија".Имаше панел дискусија на која се обрати Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити ,на настанот имаше и други еминентни гости.Се дискутираше за значењето на Црвениот крст и придобивките на младите да се биде волонтер на Црвениот крст. Од нашето училиште присуствуваа учениците:Јана Нушева од 7-1одд.и Јорида Гроздан од 8-2одд.и наставничката по англиски јазик Лидија Дузлевска и дефектологот Цветана Зафировска и волонтерот на Мировните трупи на САД Даниел Б'лцои.

Friday, 2 December 2022

Светски ден за борба против ХИВ

 





По повод 1 ви Декември Светскиот ден за борба против ХИВ а во склоп на Климентовите денови по повод Патрониот празник на училиштето беше организирана хуманитарна акција од страна на Црвениот крст при училиштето. Акцијата беше спроведена од учениците од VIII-2одд.

Одговорен наставник :Лидија Дузлевска

Tuesday, 29 November 2022

Хуманитарна еко акција

 


Државното училиште за рехабилитација деца и младинци со оштетен вид ,, Димитар Влахов,, - Скопје, започна кампања под мотото  ,,Донирајте стара хартија - за нова Брајова книга,,.

Целта на акцијата е да собереме стара и неупотреблива хартија (стари книги, учебници, списанија итн.) со цел истата да ја рециклираме и да добиеме нова хартија која ќе ја употребиме за изготвување на учебници на Брајово писмо.

Се надеваме дека и учениците од нашето училиште ќе се приклучат во акцијата!
Акцијата трае од 5.12 до 7.12.2022.
Одговорни наставници кај нас се Биљана Илиева и Валентина Варелова

Friday, 25 November 2022

Креативна хуманитарна новогодишна работилница


 


































 На 25.11.2022 во Националната галерија на Македонија, Чифте Амам се одржа креативна работилница за изработка на новогодишни украси. Рачно изработените украси се оживеани од ткаенини и украси. Проектот „Замисли желба“ секојдневно креира во објектот Чифте амамот своевидна магија. Денешната магија ја направија нашите вредни ученици од 8/1, 8/2 и  9/2. Магијата продолжува со хуманитарна продажна изложба на 14.12.2022. 

Одговорни наставници: Валентина Терзиева и Наташа Старделова


Thursday, 27 October 2022

Хуманост на дело- Акција на Црвениот крст

 











По повод "Неделата на гладта"во организација на Црвениот крст на Северна Македонија и нашето училиште зема активно учество со членовите на Клубот на Црвениот крст и одговорниот наставник Лидија Дузлевска

Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"

  📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа  промоција на  книгата"Перото на Илинч...