Showing posts with label Ден на. Show all posts
Showing posts with label Ден на. Show all posts

Thursday, 2 April 2026

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

 Со мали чекори градиме големи вредности 💙


Денес 2 Април, на Светскиот ден на аутизмот, образовниот асистент во 2-1 одд. одржа работилница посветена на овој ден.

 Со  учениците  зборувавме за прифаќање, љубов и разбирање.

 Учиме дека секое дете гледа на светот на свој начин – и токму тоа го прави светот поубав.


Биди љубезен. Биди поддршка. Биди пријател. 💙















Подигнување на свеста за лицата со аутизам

 На денешниот ден, учениците од 5 одделение заедно со образовниот асистент и дефектологот реализираа работилница за подигнување на свеста за лицата со аутизам.

На работилницата разговараа за можностите како да ги прифатиме лицата со аутизам. За таа цел ги залепија своите идеи на „Ѕидот на добрината".







Одбележан Денот на детската литература во 4-1 одделение

 Денес, по повод Денот на детската литература, библиотекарката на нашето училиште одржа работилница со учениците од 4-1 одделение на која учениците правеа список на прочитани книги. Секој од учениците доби лист на кој ги запиша досега прочитаните книги, за секоја книга се добива поен, а дополнително се добиваат 10 поени за раскажана книга. Победниците ќе бидат соопштени наскоро кога ќе се разгледаат добиените списоци. 










Wednesday, 1 April 2026

2 Април - Меѓународен ден на литературата за деца

 Одбележан 2 Април- Денот на литературата за деца, роденденот на Ханс Кристијан Андерсен. Оваа година го одбележавме денот со посета на библиотеката во ООУ ,,Рајко Жинзифов", а библиотекарката Александра Милчева подготви за нас интересни активности. Светскиот ден на литературата за деца е потсетник дека детството започнува со приказна, а љубовта кон книгата трае цел живот. Благодарност за гостопримството.












Friday, 27 March 2026

21 Март- Меѓународен ден на лицата со Даунов синдром

 Вредните првачиња денес, 27.3. 2026 година, заедно со училишниот едукатор и рехабилитатор Цветан Зафировска изработија хамер на работилницата по повод Денот на Дауновиот синдром, на тој начин се обидуваат да ја подигнат свеста за постоењето на различностите во нашето опкружување и прифаќањето на  лицата со овој синдром. Активности по овој повод беа реализирани во текот на целата оваа седмица. 












Thursday, 19 March 2026

Ден на пролетта - уредување на парцелите на одделенијата



 

Денес, 19.3. 2026 година го одбележуваме Денот на пролетта со традиционално разубавување на нашиот училиштен двор.  
 Денот на пролетта во нашето училиште дише и во знакот на љубовта, убавината и цвеќето. Стара традиција е секое одделение да има свое катче во школскиот двор. Секое од одделенијата ја разубави својата парцела со нови цвеќиња, овошки, садници, семчиња... Задоволство, радост и  гордост од засадувањето на нов живот се гледаат и на малите детски лица. Така учиме да се грижиме за природата и колку е важно да ја чуваме. Нашиот двор сега е поубав и полн со боја!






























































































Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"

  📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа  промоција на  книгата"Перото на Илинч...