Wednesday, 7 May 2025

Промоција на книга Археолошка азбука и Археолошка Брајова азбука

Денес, 7.5.2025 во Домот на културата „Билјана Беличанец" се одржа промоција на книгите Археолошка азбука и Археолошка Брајова азбука на авторите Антонио Јакимовски, Елизабета Томевска - Илиевска и Маја Јаневска.  Главен покровител на овој настан е Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и е проект целосно поддржан од Општина Кисела Вода и реализиран во соработка со Институтот за европски образовни, социо- културни 
и економски политики Европа за тебе. Проектот дополнително се надгради со партнерството со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов", па се отпечати и Археолошката Брајова азбука..  
Двете дела се од големо значење за читателите бидејќи  се поттикнува нивната љубопитност, се збогатуваат знаењата, но во исто време се учи како се љуби својата земја, се зајакнува културниот идентитет, и во исто време претставува целосно инклузивно дело.  
Присутни на промоцијата од нашето училиште беа библиотекарката Наташа Старделова со учениците Јана Тренкоска, Софија Димеска и Андреа Радевска. 
Среќни сме и со нетрпение чекаме примерок од оваа интересна книга во нашата библиотека.











 



No comments:

Post a Comment

Рекордер читател за учебната 2024-25 година

По целосна анализа на податоците во библиотеката ви го соопштуваме читателот-рекордер за оваа учебна година, Матеј Младеновски од 2-1 одделе...