Денес, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ се одбележа 80 годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик. Во присуство на Градоначалникот на Општина Кисела Вода, пратеници, претставници на институции, научни работници, директори на училишта, наставници и ученици низ пригодна програма се честита овој светол датум во македонската историја. Секое од училиштата на Општина Кисела Вода се претстави со своја програма и на тој начин низ широка лепеза на изведби се прикажа македонскиот јазик низ периодите, од Кирило-методиевскиот и Климентовиот период, преку Мисирковиот период, па до денешниот современ јазик. Нашето училиште изведе извадок од драматизација „Климентово училиште“ на писателката Татјана Гогоска. Во продолжение погледнете ја галеријата од слики од настанот.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Сликање на платно во 2-2 одделение
🎨🖌️ **УМЕТНОСТА НЕМА ГРАНИЦИ!** 🌈 Учениците од **2-2 одделение**, заедно со својата наставничка **Сузана Спасовска**, реализираа прекра...
-
🌟 ЧЕСТ И ПРИЗНАНИЕ ЗА НАШИТЕ ПРОСВЕТНИ РАБОТНИЦИ! 🌟 По повод Денот на учителот , Општина Кисела Вода ги избра и награди најдобрите настав...
-
Новата година и Божиќните празници се најволшебното време во годината. Ајде да покажеме дека е време празничнатата магија да почне и тоа пре...
-
Галерија слики од наградените ученици по повод патрониот празник:





















No comments:
Post a Comment