Friday, 9 May 2025

Посета кај Претседателката на Р. Македонија

 Денес 9.5.2025 учениците од нашето училиште од 4 и 5 одделение го остварија својот сон да ја запознаат Претседателката Гордана Силјановска Давкова и да поразговараат со неа и да ги постават сите свои прашања кои само деца може да ги смислат. Еве што напиша Претседателката во својата објава за денешниот ден: 

,,Волшебно попладне, ведрина, палавост и детски џагор во претседателскиот Кабинет.

Со голема радост ги пречекав учениците од скопските основни училишта „Ѓорѓија Пулевски“, „Св. Климент Охридски“ и „Кирил Пејчиновиќ“, кои беа мои денешни гости на свечената церемонија на менување на државното знаме, како знак на почит кон државните симболи.

Со љубопитност, остроумност и типична детска искреност се интересираа за моите работни обврски, но и за личниот живот, почнувајќи од детството, школските и студентски денови, како и професорската кариера.

Сигурна сум дека на овие убави моменти со задоволство ќе се сеќавам."








No comments:

Post a Comment

Наградени првенците на генерацијата

 Н апорниот труд на вредните ученици, нашите првенци на генерацијата 2016-2025 беше награден од Општина Кисела Вода и градоначалникот Орце...