Friday, 5 June 2026

Полуматурска забава во нашето училиште

 

Секоја генерација испишува страница во срцата на наставниците. Оваа ќе ја паметиме по младешката палавост, бистрина и љубопитност. Заминуваат ученици кои знаеја да почитуваат и да насмеат. Со среќа 9-1 и 9-2 од учебната 2025-2026, генерацијата 2017-2026. Полуматурската забава помина во најдобар ред, а утринското традиционално поздравување со соучениците беше забавно и незаборавно, кога во оро се фаќаат сите од прво до деветто. 




No comments:

Post a Comment

Есенска приказна низ генерациите

  🍁 ДОБРЕДОЈДЕ НА ЕСЕНТА! 🍂 Денес, 22 септември 2026 , нашиот прекрасен училиштен двор беше обоен во есенски бои, исполнет со песна, игра,...