Tuesday, 2 June 2026

Вело настан во организација на Вело училишта и нашето училиште

 


Фантастичен ден со Вело Училишта во ООУ Климент Охридски, Драчево
Вчера, 2.6.2026 во организација на Вело училишта, Еко Логик и нашето училиште се случуваше еден од најинтересните настани годинава: Се одржа натпревар во возење велосипеди на ниво на тимови, се украсуваа држачи за паркирани велосипеди, се сликаше, се редеа сложувалки... со еден збор се беше во духот на неговото величество - велосипедот!
Велосипеди во акција, смеа насекаде и вистински Вело дуел кој ја крена енергијата до максимум! 💥🚴‍♀️
Училиштниот двор на ООУ „Св. Климент Охридски“ се претвори во мала зона за движење, учење и забава.
Во безбедна и контролирана средина, учениците:
⚡ ги тестираа своите велосипедски вештини
⚡ учеа баланс и координација
⚡ вежбаа сообраќајни правила на практичен начин
⚡ и најважно- учеа без да чувствуваат дека учат 🎯
Имаше моменти на натпревар, моменти на смеење, и многу „ајде уште еднаш!“ 🙌🚴‍♂️
Кога децата се активни, училишните дворови оживуваат- стануваат места полни радост, самодоверба и здрави навики 🌿✨
🚸 Затоа велиме: повеќе движење = побезбедна, посреќна иднина за сите нас
🎨🚲 71 дете, многу насмевки, малку боја и безброј креативни идеи – токму така изгледаше нашиот „Шарен велосипедски свет“во Св. Климент Охридски Драчево!

Учениците од 2. и 3. одделение имаа можност да научат како старите работи можат да добијат нов живот преку реупотреба и принципите на циркуларната економија.

Но, најубавиот дел беше кога теоријата ја претворија во практика. Со голем ентузијазам и креативност, тие ги обоија Вело-Буре паркинзите што ги дониравме на училиштето и им дадоа свој уникатен печат. 🌈🚴

Секој цртеж, секоја боја и секоја порака што ја оставија покажува колку многу децата се подготвени да придонесат за поубава, почиста и поодржлива средина кога ќе им дадеме можност да бидат дел од промената. 💚

А токму тоа е и целта да создадеме генерации кои не само што учат за одржливоста, туку и ја живеат секој ден.

Иницијативата „Вело-Буре паркинг“ е дел од Првата Академија за циркуларна економија, организирана од ARNO во соработка со PINnorthmacedonia и партнери, каде беа развиени 12 иновативни концепти за циркуларни бизниси.

Оваа Академија се реализираше во рамки на проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“, поддржан од Европската Унија преку ИПА програмата за граѓанско општество.

Фото, се знае: Дејан Мариќ










































No comments:

Post a Comment

Осмиот број на „Наш збор“ -весникот на нашето училиште

Погледнете го новиот број од нашиот весник: Осмиот број на весникот „Наш збор“