Wednesday, 3 June 2026

„Неверојатниот свет на растенијата“ во 6-1

 Една од активностите во рамките на Erasmus+ проектот IZONE беше креирање наставни часови од страна на наставниците од партнерските држави, кои потоа се реализираат во нивните училишта. Воедно, секој наставник вклучен во проектот има задача да реализира и час подготвен од колега од друга земја.

На часот по природни науки, заедно со учениците од VI-1 одделение, го реализиравме часот „Неверојатниот свет на растенијата“. Преку креативни и интерактивни активности изработивме презентација во алатката Chalkie, ги повторивме деловите на растенијата со помош на Wordwall и набљудувавме природен материјал од различни цветни растенија. Учениците покажаа голем интерес, активно учествуваа во сите активности и на интересен начин ги продлабочија своите знаења за растителниот свет. Одговорен наставник : Биљана Илиева #ErasmusPlus #IZONE #ПриродниНауки #УчењеПрекуИскуство #МеѓународнаСоработка












No comments:

Post a Comment

Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"

  📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа  промоција на  книгата"Перото на Илинч...