На 21.02.2023 ЦМА Крик како проектна активност на иновативната иницијатива „Што е (не)сработено?“ поддржана од Support to Electoral Reforms реализираше тркалезна маса на тема „Инлузија и олеснување на образовниот процес на лицата со попреченост“. Настанот се одржа во просториите на општина Кисела Вода и истиот беше реализиран со нивна поддршка.
Дефектолозите и психолозите од 6 основни училишта во општина Кисела Вода заедно со претставници на невладините организации Крик и Леад, советниците на општина Кисела Вода и лица со попреченост беа дел од тркалезната маса на која имаа можност да ги споделат предизвици и да покренат дискусија за она со што се соочуваат при образовниот процес на лицата со попреченост, секој од својот аспект на делување.
*Активностите се спроведуваат во рамките на проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.
Претставници од нашето училиште беа психологот Ивана Јаневска и дефектологот Цветана Зафировска.
No comments:
Post a Comment