Со творење на македонски мајчин јазик учениците во 6-1 и 6-2 одделение го одбележаа Денот на мајчиниот јазик 21 Февруари. Ви ја споделуваме едночинката на Теодора.
Азбука
( едночинка)
Буквата А : Прва
сум во азбуката и плус самогласка сум, работам сама и мислам дека никој не ми
треба. Другите самогласки и букви можат само да ми завидуваат.
Буквата И: Какво
завидување? Јас сум најважна од цела азбука.
Буквата Е: Што??
Ве молам, сите знаеме дека тоа сум јас!
Буквата О: Не
бидете толку сигурни во себе. Очигледно тоа сум јас!
Буквата У: Ух, не сум сигурна зошто се карате . Јас сум
најважна од тука!
Буквата Р: Јас сум пола самогласка, но не
разбирам, зошто се карате? Ако го
слушнеа ова другите букви многу ќе ви се налутеа. Ние сите треба да бидеме
пријатели, а вие што правите? Само се карате која е најважната буква. Ве молам,
не се карајте повеќе, сите букви сме многу важни!
Буквите
А,Е,И,О,У: Во право си! Многу се извинуваме за сопствената грешка.
Уште еднаш никогаш нема да зборуваме лошо за другите букви.
Буквата Р: Мило
ми е дека ви помогна мојот совет!
(Буквата А оди
кон буквите Е,И,О,У)
Буквата А: Јас ја
почнав кавгата прва, се надевам дека ќе ми простите.
Буквите И,Е,О,У: Во ред
е! И ние си ја сфативме својата грешка.
Теодора
Дамјановска VI-1
Ментор: м-р
Валентина Трајкоска
No comments:
Post a Comment