Матеј Јаневски и Петар Мицевски од 4-2 одделение, први одговорија на предизвикот за креативен пристап при обработка на лектирата „Петар Пан“.Набрзо потоа и сите останати ученици од 4-2 ја посетија библиотеката и донесоа свои изработки. Погледнете ги нивните дела.
Јазикот е нашата татковина
Од срце да се каже,
од уста да одѕвони зборот,
кога македонски се говори
убаво звучи...
Срцето силно ми трепери,
Што ли се случи?
Среќата е во творењето
на јазикот мајчин, наш,
Чувствувам гордост и радост...
Тоа е и јазик ваш!
Македонскиот јазик сака нега
како да е дете,
мајчинска љубов сака...
Бескрајно да се пишува
Со детска трепетна рака!
Матеј Јаневски 4-2 одд.
Ментор: Јасмина Лакинска
No comments:
Post a Comment