Општина Кисела Вода во соработка со Киненова овозможува учениците од основните училишта да бидат дел од филмските работилници „Снимај паметно, остави трага“.
Во соработка со познатата режисерка и ментор Марија Џиџева, се креирани тридневни работилници од 5-7 октомври и се насочени кон чувствителни теми како врсничкото насилство, на кои учениците имаа извонредна шанса да учат од стручни лица од областа на кинематографијата. Тие самите креираа свои филмски приказни, а најдобрите од нив ќе бидат прикажани на фестивалот Киненова.
Учесници на работилниците беа и нашите ученици Петар Мицевски од 8-2 одделение и Меланија Благоевска од 9-3 одделение.
https://www.facebook.com/share/r/1CAVSK141m/












No comments:
Post a Comment