На 29.10.2026 во Домот на културата во Драчево нашите ученици присуствуваа на завршната приредба по повод завршетокот на проектот „Насилството не е кул“, којшто ООУ „ Рајко Жинзифов“ го реализираше во измината учебна година, а нашите ученици беа учесници во дел од активностите. Со многу емоции, креативност и силни пораки се реализираше завршниот настан на проектот „Насилството не е Cool“, посветен на подигнување на свеста за врсничкото насилство и создавање побезбедна, похумана и попријателска училишна средина.
Преку низа едукативни, креативни и интерактивни активности, учениците покажаа дека имаат што да кажат и дека сакаат да бидат дел од промената.
Посебен белег на проектот беше промоцијата на музичкиот спот, во кој главната улога ја имаат учениците од ООУ „Рајко Жинзифов“, кои со своите гласови ја испеаја песната посветена на борбата против насилството.
Преку драматизација, беа прикажани ситуациите со кои децата можат да се соочат во секојдневието, потсетувајќи нè колку се важни разбирањето, поддршката и меѓусебното почитување.
Кратките, искрени и моќни пораки на учениците уште еднаш потврдија дека секој има право да биде прифатен, почитуван и безбеден. Дека понекогаш е доволен еден убав збор, еден пријателски гест или храброста да кажеме „НЕ“ на насилството.
Овој проект завршува, но неговата порака продолжува да живее во секојдневното однесување на сите нас.
No comments:
Post a Comment