Monday, 4 May 2026

„Собери и рециклирај електричен отпад“- претстава и акција во нашето училиште

 Денес, 4.5.2026, Нептун, во соработка со Електро Еко Грижа, организираше едукативен и забавен настан за деца од 2 и 3 одделение, со цел преку дружење, игра и креативност да се поттикне еко-свеста кај најмладите.

Децата имаа можност да проследат кратка едукативна претстава со маскота, по што следеше активност за цртање на тема поврзана со зачувување на природата и рециклирање на електричен отпад. На крајот, за децата имаше и симболични подароци.

Покрај едукативната претстава која се реализираше во нашето училиште, имаме можност да се пријавиме за учество на предизвик за училиштата „Собери и рециклирај електричен отпад“.

За трите училишта кои ќе соберат најголема количина електричен отпад ќе биде доделена донација во опрема од Нептун.

Акцијата ќе трае од 04.05.2026 до 28.05.2026, а целта е училиштата да соберат што е можно поголема количина електричен отпад наменет за рециклирање. (Оценувањето се врши по тежина*)

Примери за електричен отпад: мауси, тастатури, слушалки, полначи, кабли, електрични кафемати, тостери, блендери, миксери, фен, пегли, стари телефони, лаптопи, монитори, принтери, звучници, рутери и други мали електрични апарати.

Предизвикот се реализира на ниво на цело училиште, без ограничување на одделенијата кои можат да учествуваат. За потребите на учеството во овој предизвик, компанијата Електро Еко Грижа  постави контејнер за рециклирање електричен отпад во нашето училиште, со цел собраниот електричен отпад да се складира и рециклира на соодветен начин.

Целото учество во предизвикот, како и поставувањето на контејнерот за електричен отпад, е целосно бесплатно за училиштето. По завршување на акцијата, тимови од компанијата ќе го подигнат електричниот отпад и ќе изготват записник за количината на подигнатиот отпад.

На крајот од акцијата ќе бидат избрани трите најуспешни училишта, според вкупната тежина на собраниот и рециклиран електричен отпад.

Донациите за училиштата се следни:
1 место – донација во вредност од 2.000 евра
2 место – донација во вредност од 1.000 евра
3 место – донација во вредност од 500 евра

Донациите нема да бидат исплатени во готовина, туку училиштата ќе имаат можност во соодветната вредност да одберат опрема од Нептун, како што се лаптопи, проектори, паметни табли или друг тип корисна наставна технологија.*

Ве покануваме да се приклучите кон предизвикот и заедно да придонесеме за подигање на еко-свеста кај учениците, како и за правилно собирање и рециклирање на електричниот отпад.



























































No comments:

Post a Comment

„Собери и рециклирај електричен отпад“- претстава и акција во нашето училиште

 Денес, 4.5.2026,  Нептун, во соработка со Електро Еко Грижа, организираше едукативен и забавен настан за деца од 2 и 3 одделение, со цел пр...