Friday, 8 May 2026

Еко час 2026- Природно филтрирање на водата

 Денес учениците од 6-1 направија експеримент со природно филтрирање на водата со употреба на три типа на природни филтри.

1) Во првиот имаше само крупни камчиња (чакал)

2) Во вториот крупни камчиња (чакал) и песок

3) Во третиот имаше крупни камчиња(чакал), песок, разни тревки и ливчиња и памук.

Во трите филтри ставивме каллива вода и како и што очекувавме,во филтерот со најмногу елементи, водата беше најчиста. Воедно, додека се филтрираше водата набљудувавме и со која брзина истекува водата од филтрите, па се запознавме и со ерозијата на земјата.









No comments:

Post a Comment

Есенска приказна низ генерациите

  🍁 ДОБРЕДОЈДЕ НА ЕСЕНТА! 🍂 Денес, 22 септември 2026 , нашиот прекрасен училиштен двор беше обоен во есенски бои, исполнет со песна, игра,...