Денес 27.11.2025 во Домот на културата во с. Драчево својата работа ја претстави Гаспар -дневен центар со индивидуална работа. На настанот присуствуваа градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и претставници од Општина Кисела Вода, бројни граѓани и претставници од основните училишта во Кисела Вода. Овој центар ја има поддршката на општината, а се занимава со помош и советување на ученици со потешкотии во изразувањето и во говорот, психолошка помош на ученици со посебни потреби ( Даунов синдром, аутистичен спектар, церебрална парализа и сл). Нивните специјалисти, логопеди, дефектолози и психолози се секогаш подготвени да се справат со проблемот без разлика дали е однесување, внимание, аутизам, пречки во говор, анксиозност, депресии или пак од медицинска природа. Повеќе за нивната работа има и на нивниот блог на Blog - Gaspar Centar, како и на веб страницата на центарот. Присутни од нашето училиште беа стручната служба, наставници и учениците од 5 одделение.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Осмиот број на „Наш збор“ -весникот на нашето училиште
Погледнете го новиот број од нашиот весник: Осмиот број на весникот „Наш збор“
-
Новата година и Божиќните празници се најволшебното време во годината. Ајде да покажеме дека е време празничнатата магија да почне и тоа пре...
-
Галерија слики од наградените ученици по повод патрониот празник:
-
Комисијата во состав: Валентина Терзиева, Виолета Божиновска, Наташа Станојевска, Виолета Трпевска и Наташа Старделова ги селектира и рангир...




No comments:
Post a Comment