Во рамките на проектот „Градење доверба – Превенција од насилен екстремизам и врсничко насилство“, покрај бројните работилници кои се реализираа во текот на учебната година, 11 ученици од нашето училиште имаат привилегија да учествуваат и на летен камп кој се одржува во Струга, од 22 до 28 јуни.
Заедно со свои врсници од уште пет училишта, учениците, во придружба на наставничката по биологија Биљана Илиева и педагогот Елена Петрушевска, активно се вклучени во разновидни дневни активности: утринска гимнастика, едукативни и интерактивни работилници, друштвени игри и спортски натпревари. Секако, летниот камп не би бил комплетен без уживањето на плажа и веселите вечерни забави кои креираат спомени за цел живот. Искажуваме голема благодарност до Центарот за толеранција и доживотно учење за можноста да бидеме дел од овој значаен и инспиративен проект кој гради вредности, пријателства и доверба.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Пролетно пешачење до пештерата Шпела
Денес, 20.3.2026 година, реализиравме пролетно пешачење до пештерата Шпела со ученици од Св. Климент Охридски Драчево
-
Деветтоодделенците ја прославија својата полуматурска вечер во Вединг хаус на 3.06.2025. Забавата започна со самото пристигнување во рестор...
-
Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за учебната 2025...
-
Новата година и Божиќните празници се најволшебното време во годината. Ајде да покажеме дека е време празничнатата магија да почне и тоа пре...
No comments:
Post a Comment