Во рамките на проектот „Градење доверба – Превенција од насилен екстремизам и врсничко насилство“, покрај бројните работилници кои се реализираа во текот на учебната година, 11 ученици од нашето училиште имаат привилегија да учествуваат и на летен камп кој се одржува во Струга, од 22 до 28 јуни.
Заедно со свои врсници од уште пет училишта, учениците, во придружба на наставничката по биологија Биљана Илиева и педагогот Елена Петрушевска, активно се вклучени во разновидни дневни активности: утринска гимнастика, едукативни и интерактивни работилници, друштвени игри и спортски натпревари. Секако, летниот камп не би бил комплетен без уживањето на плажа и веселите вечерни забави кои креираат спомени за цел живот. Искажуваме голема благодарност до Центарот за толеранција и доживотно учење за можноста да бидеме дел од овој значаен и инспиративен проект кој гради вредности, пријателства и доверба.
No comments:
Post a Comment