Wednesday, 3 April 2024

Диплома на конкурсот на тема „Убавиот македонски збор“ за Василиј Ѓорѓиевски од 4-1

 Песната на Василиј Ѓорѓиевски IV-1 за распишаниот конкурс по повод Патрониот празник на училиштето „ Круме Кепески“ се закити со диплома за второ место. Честитки, Василиј! 

УБАВИОТ МАКЕДОНСКИ ЗБОР

Како ѓердан бисери
така стојат нанижани
во книги убави
зборови македонски, напишани.

А велат убавиот збор,
железни врати отвара-
и навистина е така,
некогаш и лошото во добро го претвара.

Како извор низ планина што тече,
така убавиот збор се лее,
напишани во книги и учебници,
како сонце душа ни грее.

Од пишаниот збор учиме,
пишуваме, мислиме, твориме,
гордо успеси редиме
и македонски збор говориме.

Македонскиот убав збор
како богатство треба да го чуваме,
кон нови знаења со него пловиме,
посреќни и помудри низ животот патуваме.



Василиј Ѓорѓиевски
IV-1
ООУ ,,Св. Климент Охридскис. Драчево, Скопје
Ментор: Нена Цветковска



No comments:

Post a Comment

„Собери и рециклирај електричен отпад“- претстава и акција во нашето училиште

 Денес, 4.5.2026,  Нептун, во соработка со Електро Еко Грижа, организираше едукативен и забавен настан за деца од 2 и 3 одделение, со цел пр...