Песната на Василиј Ѓорѓиевски IV-1 за распишаниот конкурс по повод Патрониот празник на училиштето „ Круме Кепески“ се закити со диплома за второ место. Честитки, Василиј!
УБАВИОТ МАКЕДОНСКИ ЗБОР
Како ѓердан бисери
така стојат нанижани
во книги убави
зборови македонски, напишани.
А велат убавиот збор,
железни врати отвара-
и навистина е така,
некогаш и лошото во добро го претвара.
Како извор низ планина што тече,
така убавиот збор се лее,
напишани во книги и учебници,
како сонце душа ни грее.
Од пишаниот збор учиме,
пишуваме, мислиме, твориме,
гордо успеси редиме
и македонски збор говориме.
Македонскиот убав збор
како богатство треба да го чуваме,
кон нови знаења со него пловиме,
посреќни и помудри низ животот патуваме.
Василиј Ѓорѓиевски IV-1
ООУ ,,Св. Климент Охридски” с. Драчево, Скопје
Ментор: Нена Цветковска
No comments:
Post a Comment