Tuesday, 20 February 2024

Резултати и фотографии од натпреварот по краснопис


















По повод Денот на мајчиниот јазик- 21 Февруари во нашето училиште се одржа натпревар по краснопис, во организација на библиотеката при училиштето и наставничката по ТО и информатика, Валентина Терзиева, каде на учениците од второ до деветто одделение им беше дадено да го напишат цитатот од нашиот великан Блаже Конески:

„Послушајте Македонци! Јазикот е единствената наша татковина. Сè додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште “ 

Сите учесници во натпреварот се потрудија, но сепак моравме да одбереме неколку како најдобри. Ова се резултатите од натпреварот. 


Одделенска настава

Прво место

Рафаела Рафаиловска 2-1

Мила Станкоска 4-1

Второ место:

Миа Димчевска 5-2

Матеа Гиновска 5-1

Трето место:

Јана Јаневска 5-1

Павел Наковски 4-2

 Предметна:

прво место

Мила Трајковска 9-2 и Дафина Здравковска 9-1

второ место

Матеј Димишковски 7-2 и Максим Ѓеорѓиевски 6-2

трето место

Матеа Стојановска 8-2 и Лина Бабунска 6-2

Тарик Бајрамовски 6-1 - Пофалница

Честитки на добитниците на наградите, дипломите ќе се доделуваат во четврток 22. 02 во 12.00 за одделенска и во 12.30 за предметна настава


No comments:

Post a Comment

„Како гледаме на конфликтите"- работилница

 Во рамките на активностите на Центарот за толеранција на 9.11.2024 година се одржа работилница на тема „Како гледаме на конфликтите". ...