Thursday, 29 February 2024

Да ја дочекаме Баба Марта

 Да ја дочекаме Баба Марта

Петтоодделенците и шестоодделенците навреме се подготвија за да го пречекаат месецот март и ги изработија традиционалните мартинки со црвена и бела боја. 5-1,5-2, 6-1,6-2, 6-3 одделение под водство на наставнчката по Техничко образование денес ги изработија своите „висулци“.

Мартинката се изработува од волнено или памучно предиво во 2 основни бои — бела и црвена. Овој празник уште се нарекува и празник на "Баба Марта".

 Обичајот Мартинки во Република Македонија со Одлука се прогласени за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, бр. 45-4183/1 од 16 јули 2019 година во Македонија. Потоа следи Решение за прогласување на значајно културно наследство УП.1 10-104 од 26 февруари 2014 година. Во 2017 година била донесена одлука за впишување на обичајот Мартинки на Претставителнниот список на УНЕСКО за нематеријални културно наследства на човештвото.

 Обичајот на правење мартинки, односно на еден вид амајлии изработени од усукани конци (најчесто од црвена и бела боја) се поврзува со почетокот на месецот март - први март, кој во народниот календар е познат под неколку имиња: Марта, Првна Марта, Баба Марта, Мартинден, Летник и сл. Покрај вообичаеното народно толкување, дека мартинките се носат за здравје и среќа во текот на претстојната година/лето, постои толкување и дека тие се носат „за од змии“, т.е. луѓето да немаат проблеми со змиите преку летото.

Мартинките вообичаено се носат неколку денови во текот на месецот март и најчесто времетраењето на носењето на овие своевидни амајлии за заштита на луѓето од зло, несреќа и разни неволји, односно да им донесе здравје и среќа (к’смет) зависи од доаѓањето на преселните птици од југ. Имено, според народното толкување регистрирано во некои предели во источниот дел на Република Македонија, мартинките се носат сé додека не се здогледа првата ластовичка или штрк, кога според обредната пракса, мартинката се симнува од раката и се става под камен. Во некои западномакедонски предели, пак, мартинката кога се симнува се остава на гранче (грмушка) од трендафил (ружа).








No comments:

Post a Comment

„Како гледаме на конфликтите"- работилница

 Во рамките на активностите на Центарот за толеранција на 9.11.2024 година се одржа работилница на тема „Како гледаме на конфликтите". ...