Friday, 15 December 2023

Промоција на ,,Пламен и непокор"

 Денес, 15.12.2023 год. во Порта Македонија беше одржана промоцијата на втората музејска сликовница насловена ,,Пламен и непокор", на авторките Ана Вишинова и Даниела Митевска. Ова е втора сликовница од ваков вид во издание на Музејот за македонската борба за самостојност, по првата од 2019 година ,,Зад големата мисла". Ова издание го покрива периодот на Илинденското востание и веруваме ќе претставува значајно наставно помагало во образовниот процес на часовите по историја.

Од нашето училиште претставници беа наставничката по македонски јазик м-р Валентина Трајкоска и библиотекарката Наташа Старделова и ученичките Мила Цветковска, Мила Станкоска и Јована Јовановска. 

Очекуваме и ова издание, како првото, да наиде на голем одзив и да се користи во секојдневниот образовен процес, а примероците на двете сликовници веќе ги красат полиците на нашата библиотека.

На промоцијата со своја музичка нумера се претставија и Симона Трајкоска, на гитара и цитера, и Оља Алексовска, вокал. 






















No comments:

Post a Comment

„Собери и рециклирај електричен отпад“- претстава и акција во нашето училиште

 Денес, 4.5.2026,  Нептун, во соработка со Електро Еко Грижа, организираше едукативен и забавен настан за деца од 2 и 3 одделение, со цел пр...