На 25 и 26 декември 2023 беше одржана дводневна обука во организација на Првата детска амбасада ,,Меѓаши" и Центарот за семејно и детско згрижување (КМОП). Оваа обука беше продолжение на првата средба која беше со цел подигање на свеста и креирање на општини посветени на децата. Крајната цел е формирање на платформа која ќе ги унапреди детските права и ќе обезбеди поголемо детско учество. Беа поканети наставници, стручни соработници од училиштата на територија на општина Кисела Вода како и претставници од општината заеднички да дискутираат и изнајдат решенија како општината да стане подобро место за раст на најмладите. На обуката и претходеа работилници со учениците од сите училишта учесници, каде се слушнаа потребите и замислите на учениците за создавање на места за растење.
На учениците им беше важно да растат во сигурна, безбедна и чиста околина, со квалитетни институции, училишта и места за рекреација и поттикнување на креативността и талентот.
Посебно акцент на обуката се стави на врсничкото насилство со неговите разни варијации, начините за справување и техники и упатства кои секако им се од голема помош на наставниците и стручните соработници.
Претставници од нашето училиште беа Валентина Терзиева, наставник по ТО и информатика и одговорна за Ученичкиот парламент во училиштето, и Наташа Старделова, библиотекар.
No comments:
Post a Comment