6 Октомври,ден убав,свечен,посебен!Ден кога првачињата од нашето училиште по свечената приредба положија заклетва и влегоа во Детската организација.Честитки првачиња!Нека ви се среќни училишните дни,секојдневно да се остваруваат вашите сни!
Денес, 6.10.2023 година првачињата во нашето училиште станаа членови на Детската организација. На свечената приредба тие дадоа свечена заклетва и ја проследија приредбата подготвена во нивна чест. Секој ученик доби своја членска карта со своето име и презиме и стихови од Ветување, која, се надеваме, ќе биде драг спомен години потоа.
Честито нека е!
Ветување
Во овој момент
ветувам на сиот глас
дека моите наставници
ќе ги почитувам јас!
Секоја задача ќе се обидам
со леснотија да ја решам,
но, Ве молам, простете
ако некогаш згрешам!
Давам чесен татковински збор,
ќе се дружам со другарчињата
во училишниот двор!
No comments:
Post a Comment