Tuesday, 3 October 2023

Недела на детето

Октомври е Месец на книгата со бројни ликовни и литературни конкурси, но во октомври е и најважната седмица, кога најмалите во нашето училиште стапуваат во Детската организација, седмица која е исполнета со бројни активности.
Исто така на 5 Октомври се празнува и Денот на учителот. По овие поводи, за сите одделенија од 1-5 одделение, од понеделник до петок се организираат кино проекции во училишното Еко- кино, со филм по избор. 
Во понеделник сите ученици се запознаат/ потсетуваат со/на Конвенцијата за правата на децата. Во вторник се изработуваат пораки за детски права.
 Во среда се посетува Зоолошката градина. 
Четврток е ден за спорт и рекреација. 
Во петок има свечен прием за првачињата во Детската организација.
Следуваат многу објави од оваа бурна седмица.

 

No comments:

Post a Comment

„Собери и рециклирај електричен отпад“- претстава и акција во нашето училиште

 Денес, 4.5.2026,  Нептун, во соработка со Електро Еко Грижа, организираше едукативен и забавен настан за деца од 2 и 3 одделение, со цел пр...