На 22.9.2023 во Михајлово, започна тридневниот Вики камп на младите Википедијанци, во организација на ГЛАМ МАКЕДОНИЈА.
Темата на овој петти по ред камп, кој е за прв пат е и меѓународен, е „Да го зачуваме нематеријалното наследство" со што Википедијанците се приклучуваат кон одбележувањето на 20 годишнината од Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно
наследство на УНЕСКО.
Вики кампот го поздравија Сузан Онес од Хелсинки иницијатор на проектот, м-р Ивона Опетческа Татарчевска, виш соработник за фолклорни добра во Управата за заштита на културното наследство и Снежана Штрковска претседателка на ГЛАМ.
Вториот ден на Вики кампот "Да го зачуваме нематерјалното културно наследство" , во првиот дел го одбележаа две инспиративни предавања.
Лили Арсова од Вики клубот на Велес ги презентираше активностите на оваа тема во претходниот период од страна на велешките википедијанци.
М-р Ивона Опетческа Татарчевска пак, на учесниците им презентираше широк опсег на информации од овој дел на културното наследство, кои ќе бидат позитивен инпут во престојното збогатување на Википедија на македонски јазик со статии на оваа тема.
🪩 Вики кампот продолжува и во попладневните часови со нови интересни содржини.
📷 Како најуспешно да прикачите фотографија на вашите статии, беше предавањето на проф. Игор Кузмановски, член на ГЛАМ Македонија.
💻 За тајните на администрирање на Википедија зборуваше пред учесниците на кампот Никола Стојаноски, исто член на ГЛАМ Македонија.
💻💻 Учесниците продолжија со пишување на нови статии и во текот на третиот ден, кога беа доделени и наградите за најактивните пишувачи на статии.
Во текот на трите уредувачки денови беа создадени многу нови статии на македонски јазик со кои се збогати македонската Википедија, а се доделија и многу награди.
Претставници од ООУ. „Св. Климент Охридски“ беа Софија Ацевска, Дафина Здравковска, Стефан Дојчиновски и Петар Ангеловски од 9-1 одделение со менторите Наташа Старделова и Валентина Трајкоска.
За Вики кампот пишуваше и весникот „Нова Македонија“.
А на линкот е адресата на YouTube каналот со нашите видеа.
No comments:
Post a Comment