🚲 Денес, 17.09. 2023 и официјално почнува одбележувањето на Европската недела на мобилност, која оваа година се организира на тема „Движи се рационално - штеди енергија“. Целта е да се намали потрошувачката на енергија и да се поттикне одбирање на „позелени“ начини на движење и транспорт низ урбаните средини.
Во рамки на Европската недела на мобилност, а во организација на Вело Училишта, нашето училиште зема учество на вело-родео што се одржа во Градски парк-школка. Учесници на овој настан од нашето училиште, ,,Св. Климент Охридски" Драчево, беа: Максим Ѓеорѓиевски, 6-2, Матеј Ристовски, 8-2, Петар Велкоски, 7-2 и Борјан Трајковски, 8-2, под менторсво на Александар Ѓеорѓиевски. Да се напомене дека нашите ученици тргнаа и се вратија со велосипеди од Драчево.
🛴 Затоа, ова е вистинската недела да започнете да патувате со велосипед секаде каде е тоа возможно.
No comments:
Post a Comment