Tuesday, 21 March 2023

Крошна -лирски песни (Поезија на шестооделенците во нашето училиште)

 

Убав ден, денешниот ден (21 Март), означува официјален почеток на пролетта, а воедно овој убав датум, се празнува и како Меѓународен ден на бојата, на шумите, на поезијата но, и на водите.

Светскиот ден на поезијата се одбележува на 21 март и бил прогласен од УНЕСКО во 1999 година, со цел да се поддржи јазичната разновидност преку поетско изразување и да се зголеми можноста да се чујат загрозените јазици“.
Неговата цел е да го промовира читањето, пишувањето, објавувањето и предавањето поезија низ целиот свет и, како што се вели во оригиналната декларација на УНЕСКО- да им даде свежо признание и поттик на националните, регионалните и меѓународните поетски движења“.

По повод 21 Март- Светскиот ден на поезијата, а воедно и чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската лирика, Ацо Шопов, нашите шестооделенци твореа и создадоа збирка на лирски љубовни песни насловени -„Крошна“. Љубовта сите нас нè движи. Затоа, уживајте во нивните стихови!


Не знаеш дека постојам

 

Јас од тебе се кријам,

и заради тоа не можам да спијам.

Не знам дали ме сакаш,

дали некогаш љубовта ќе ми ја враќаш?

 

Кога ќе те видам,

стојам здрвен како камен,

а во срцето ми гори голем пламен.

 

Јас секогаш те гледам кога ќе поминеш,

но дали ти некогаш ќе ме споменеш.

По цел ден тагувам по тебе,

а кога ќе те видам,

не се однесувам како самиот себе.

 

Михаела Димитровска VI-1

Ментор: м-р Валентина Трајкоска


Твоите очи се како море


Твоите очи се како море,

и како небото горе.

Кога ќе те видам, јас се топам,

A, кога ќе поминеш

од радост скокам.

 

Можеби ти не ме забележуваш,

но знај, јас тебе

за сè ќе ти помагам.

Секогаш и секаде

во секој миг.


Кога ќе кажеш

некоја лага,

мене во срцето

ми се раѓа тага.

 

И кога сонце грее

мене среќа во душата ми лее.

Антонија Тошевска 6-1

Ментор: м-р Валентина Трајкоска

 

                                 Љубовта сите нас нè движи

 

Љубовта сите нас нè движи

и има моќ сите да нè зближи,

таа ни дава надежи,

нè крева од сите падови.

Нека блиската љубов победува

да викнеме на глас:

,, ако секој проблем

се замени со цвеќе

страдање нема да има веќе".

 

Човек може да живее и без среќа ако има љубов.

Да сакаш и да бидеш сакан

е сè на светот.

Каде што има љубов-

има живот.

Љубовта е најубавото и најсилното чувство,

кое многу ѝ значи на секоја личност.

Со љубовта чувствуваме нешто многу важно-

дека постои друго суштество или друго нешто што го сакаме од дното на душата.


 

Јована Петреска 6-1

Ментор: м-р Валентина Трајкоска

 

 

Јас и ти

 

Сите ми велат дека те сакам,

ама ти беше

со друга за рака.

 

Кога те видов,

ми отиде здивот.

 

Во твоите кафени очи

љубов се точи.

За кого?

 

Кога ќе се видиме,

се викаме другари,

но ние сме срциња мали.

 

Матеа Јовановска 6-1

Ментор: м-р Валентина Трајкоска

 













No comments:

Post a Comment

„Како гледаме на конфликтите"- работилница

 Во рамките на активностите на Центарот за толеранција на 9.11.2024 година се одржа работилница на тема „Како гледаме на конфликтите". ...