Sunday, 11 October 2026

🇲🇰 11 Октомври – Денот на народното востание на Македонија 🇲🇰

 🇲🇰 11 Октомври – Денот на народното востание на Македонија 🇲🇰

По повод претстојниот празник 11 Октомври, првачињата од I-1 одделение на часовите преку интересна приказна се запознаа со значењето на овој важен ден од македонската историја. ❤️

Разговаравме за тоа како Македонија го одбележува празникот, зошто го славиме и колку се важни слободата, храброста и љубовта кон татковината. 🇲🇰

Наученото го преточивме во креативни цртежи, преку кои нашите најмали ученици ја изразија својата љубов кон татковината. 🎨❤️

Да ја негуваме љубовта кон Македонија уште од најмала возраст!













Friday, 9 October 2026

Свечен прием на првачињата во Детската организација



 🎓 Посебен и свечен ден за нашите првачиња! – денес, 9 октомври 2026 година, најмалите ученици во нашето училиште  ги добија своите членски картички за Детската организација и свечено  ја прочитаа заклетвата. ❤️👧🧒 Овој значаен момент го означува нивното припаѓање кон големото детско семејство, исполнето со другарство, почит, одговорност и заедништво. Нека нивниот училиштен пат биде исполнет со знаење, среќа и незаборавни мигови! 🌟📚





















































































































































🇲🇰 11 Октомври – Денот на народното востание на Македонија 🇲🇰

 🇲🇰 11 Октомври – Денот на народното востание на Македонија 🇲🇰 По повод претстојниот празник 11 Октомври, првачињата од I-1 одделение на...